УЈП: По блокадата на сметката, 1ТВ го плати долгот
Објавено во: Економија 27 Јуни, 2019
Сметката на 1ТВ била блокирана, но откако оттаму денеска го платиле долгот, Управата за јавни приходи им ја тргнала блокадата. Вака попладнево одговараат од УЈП на тврдењата од телевизијата според кои тие немаат блокада. Сепак од УЈП се децидни дека сметката била под блокада и дека банкарскиот извод кој 1ТВ го покажува е откако долгот бил расчистен.
„Во врска со Вашето прашање за блокираната сметка на правното лице 1Тв ДООЕЛ Скопје, Ве известуваме дека денеска откако е направена уплата на парични средства за исплата на долгот согласно евиденциите на Управата за јавни приходи, банкарската сметка на правното лице е одблокирана, стои во одговорт од УЈП.
Претходно во текот на денот Управата за јавни приходи ја потврди информацијата на Фактор дека сметката на правното лице 1ТВ Дооел Скопје е блокирана, но не соопштија детали.
„По однос на вашето прашање за причините врз чијшто основ сметката е блокирана, ве известуваме дека согласно Законот за даночна постапка УЈП е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна, стоеше во тој одговор.
Веднаш по него од 1ТВ платиле и извадиле и банкарски извод дека сметката е активна.
Фактор утрово објави дека информација дека сметката на оваа телевизија е блокирана.
Сите детали овде.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.