19 Декември, 2025
0.0647

УЈП поради неплатен долг ја блокираше сметката на МРТВ, ЗНМ и Владата реагираат!

Објавено во: Економија 03 Март, 2016 13:42

Добивај вести на Viber

Во текот на вчерашниот ден Управата за јавни приходи ја блокираше сметката на Македонскиот радиодифузен сервис.

Причината за блокадата е долгот, а МРТ веќе неколку време се наоѓа на листата должници на УЈП.

На оваа одлука на УЈП вчера реагираше Владата која што свика седница на која се расправало како да се реши состојбата.

После конултации и дебатирања од Владата побараа да се одложи даночниот долг и одблокирање на сметката на МРТВ.

Тоа всушност би значело долгот да може да се плати на повеќе рати.

Во медиумите се појавија шпекулации дека пред три месеци јавниот сервис земал кредит од два милиони евра за расчистување на старите долгови.

Со реакција на оваа одлука на УЈП се јавија и од ЗНМ.

Здружението на новинари на Македонија побара сметката на МРТ веднаш да биде одблокирана, укажувајќи дека тој чекор е дрзок упад на владата врз институционалната автономија на јавниот сервис и е смислен притисок на власта со цел да го дисциплинира јавниот сервис и да влијае на начинот на известување во пресрет на предвремените избори.

„Ваквите притисоци треба да го оневозможат јавниот сервис да обезбеди еднакво медиумско претставување на сите учесници во изборниот процес. Апсурдно е УЈП да глуми финансиска дисциплина и да ја обвинува МРТ за неплаќање на даноците кога самата Управа не е во состојба да ја наплати радиодифузната такса, што е основен извор на финансирање за јавниот сервис. Место да ја блокира сметката на МРТ, УЈП треба да и објасни на јавноста зашто досега не ја исполнува законската обврска и во целост не ја наплати таксата“, се вели во реакцијата на ова здружение.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба