20 Декември, 2025
0.0368

УЈП присилно ќе наплаќа радиодифузна такса, побрзајте со решенијата

Објавено во: Економија 06 Септември, 2016 15:40

Добивај вести на Viber

УЈП постави рок до 13 септември кога граѓаните можат да ги подигнат решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса, а на листата која јавно ја објавија и е достапна на нивната веб страна има над 80 илјади должници. Се повикуваат обврзниците кои должат радиодифузна такса наведени во листата објавена на веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici, најдоцна до 13 септември 2016 година да ги подигнат Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса во просториите на УЈП, во надлежната Регионална дирекција (според место на живеење), секој работен ден од 08:30 до 18:00 часот и сабота од 08:30 до 14:00 часот. „Доколку обврзникот има извршено уплати на радиодифузна такса во периодот од опомената/известувањето до изготвување на Решението за присилна наплата, потребно е да приложи докази при приемот на Решението, како би можел даночниот орган да ги земе во предвид и да спроведе правилна постапка на присилна наплата“ соопшти УЈП. Доколку должниците не ги подигнат решенијата тогаш следува постапка на објава во Службен весник по што се смета дека е извршена уредна достава. Следен чекор како што може да претпоставите е присилна наплата, па ако не сакате да ви биде блокирана сметката проверете ги вашите сметки и побрзајте со исплатата на долгот.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба