10 Декември, 2025
0.1399

УЈП СЛЕДНАТА ГОДИНА ЈА СТАРТУВА ТЕСТ ФАЗАТА НА Е - ФАКТУРА: ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури

Објавено во: Економија 10 Декември, 2025 12:59

Добивај вести на Viber

Од 1 јануари стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури, најавува директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова. 

Петрова денеска во дискусија на панелот „Дигитална трансформација на јавниот сектор“ на третата годишна конференција за дигитализација на АмЧам,  рече дека е избран модел со модерно решение усогласено со меѓународни стандарди и барања, кое за компаниите ќе биде лесно за примена и интеграција со нивните системи, како и дека се спроведуваат мерки кои ќе овозможат максимално да се минимизираат ризиците.

Според неа, со оваа реформа ќе се подобри управувањето со јавните финансии, ќе се подобри даночната усогласеност, брзо и лесно ќе се детектираат несоодтевните одлуки на влезен ДДВ, несодветно декларирани расходи кои не се признаваат за стопанската дејост,  ќе се намали сивата економија, ќе има поефикасна даночна контрола,... 

Како што рече Петрова, е-фактура е меѓу најзначајните дигитални реформи на УЈП и за целата бизнис заедница, а се спроведува многу внимателно за да се обезбеди подготвеност на економските оператори кои ќе бидат корисници на новиот систем. 

Петрова соопшти дека активностите почнале на 1 јули годинава и оти завршена е набавката на современата ИТ опрема која треба да обезбеди стабилна инфраструктура.

- Се наоѓаме пред клучна фаза, целосно сме фокусирани на стартот на пилот имплементацијата од 1 јануари 2026 година. Тогаш ќе го објавиме комуникацискиот механизам  кој треба да обезбеди автоматска и безбеда размена на податоците меѓу системите на компаните и системот за е-фактура. 

Ќе биде поставена техничката документација, врз основа на која компаните ќе можат да почнат да ги прилагодуваат своите софтвери, да ја спроведат техничката интеграција и да започат со тестирање на испраќање и издавање фактури во контролирана тест околина. Оваа фаза  ќе биде наменета за ИТ компании и тимови кои работат на развој и одржување на фактурирачки и слични системи, како и економски оператори кои имаат свои ИТ решенија. 

До крај на првиот квартал 2026 година ќе бидат објавени и клиентската и веб апликацијата кои ќе бидат наменети за помалите компани кои немаат сопствени фактурирачки системи а до крајот на  вториот кваратл ќже биде поставен продукциоскиот сервер. Планирано е до крај на третиот квартал да заврши тестирањето и да почне имплементацијата - информира Петрова.

Фазите за задолжителна имплементација се уште не се утврдени но најави дека и тоа ќе биде направено во најскоро време, однсоно откако ќе се видат резултатите од почетното тестирање, во поглед на димензионираноста и дизајнот.

Појаснувајќи ги функционалностите рече дека е избран модел на централизиран државен систем со кој ќе комуницираат компаниите.

- Комуникацијата и доаѓањето на податоците ќе биде во реално време бидејќи преку тој систем ќе се врши издавањето на фактурите.  Овој модел е најблиску до ОЕЦД концептот - Даночна администрација 3.0., кој се однесува на висока интеграција  на системите на даночната администрација со системите на компаниите и други страни и создавање на интероперабилен даноче систем. 

Карактеристично за овој модел е и тоа што со Министерството за финансии се договоривме во овој систем покрај фактурите да поминуваат и да се издаваат и пропратните документи како испратници, приемници, времени ситации, итн, ... со што системот ќе обебдди целсона документирана деловна трага за еден деловен настан. Се прави со цел да се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури - рече Петрова.

Најважните предизвици се однесуваат на обезбедување систем кој, како што појасни, ќе биде соодветно димензиониран и ќе има содветна брзина во функционирањето. Се работи и на заштита на податоците, автентичноста на фактурата, да нема можности за промени, заштитата од разни напади, блокирања на системот,...

На отворањето на конференцијата, беше порачано дека дигитализицијата го зајакнува владеењето на правото, го стеснува просторот за корупција и обезбедува транспарентни и унифицирани услуги достапни до сите граѓани. 

Славе Пројковски, член на одборот на директори на АмЧам истакна дека дигитализацијата бара фокус на луѓето и нивните вештини и оти е потребна заедничка работа на јавниот и приватниот сектор.  За исполнување на поставените цели неопходно е јакнење на рамката за сајбер бездност, што, посочи, е национална потреба затоа што секој нов систем, секој нов процес, секое ново поврзување мора да биде безбедно. 

- Дигитализицијата на државните сервиси мора да се одвива во соработка со приватниот сектор. Прогресот зависи од една работа-работење  заедно. Ни треба силно партнерство. Владата да го притиска приватниот сектор за иновации, а приватниот сектор да ја притиска Владата за модернизирање. Кога двете страни ќе ги здружат силите прогресот ќе биде побрз и одржлив. 

Луѓето се во центарот на трансформацијата. Мора да инвестираме во дигитални вештини на секое ниво, да им помогнеме на институциите да  креираат и да понудат нови системи, на компаниите да ги дигитализираат нивните процеси, а граѓаните да се чувствуваат безбедно кога ги користат - рече Пројковски.

Конференцијата  продолжува со панел „Од интероперабилност до институционална отпорност“,  за искористување на потенцијалот на поврзаните податоци, по што се одржат и панелите „Дигитализација и сајбер безбедност во енергетскиот сектор“, „Забрзување на дигиталната трансформација во финансискиот сектор“ и „Финансирање на дигитализацијата“.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

BMW има нов шеф: Кој е Милан Недељковиќ, човекот роден во Србија кој го презема баварскиот гигант?

BMW има нов шеф: Кој е Милан Недељковиќ, човекот роден во Србија кој го презема баварскиот гигант?

Белгискиот „Сибелко“ сака да експлоатира индустриски минерали во Македнија

Белгискиот „Сибелко“ сака да експлоатира индустриски минерали во Македнија

Кој е човекот што би можел да стане најмоќниот економист во светот?

Кој е човекот што би можел да стане најмоќниот економист во светот?

ЗА ПЕНЗИЈА СЕ БРИШЕ ВОЗРАСТА, ЌЕ ОДЛУЧУВА СТАЖОТ: Голема пензиска реформа во Германија

ЗА ПЕНЗИЈА СЕ БРИШЕ ВОЗРАСТА, ЌЕ ОДЛУЧУВА СТАЖОТ: Голема пензиска реформа во Германија

КУМОТ НА AI ТВРДИ: Ќе имаме повеќе слободно време, но нема ни да имаме работа

КУМОТ НА AI ТВРДИ: Ќе имаме повеќе слободно време, но нема ни да имаме работа

Овие седум вештини можат да ви ја подобрат кариерата, можете да ги научите за помалку од месец

Овие седум вештини можат да ви ја подобрат кариерата, можете да ги научите за помалку од месец

РАБОТА E ЛЕСНО ДА СЕ НАЈДЕ, А ПОЛА ПЛАТА Е ДОВОЛНА ЗА УДОБЕН ЖИВОТ: Откриена е нова ветена земја за Балканците

РАБОТА E ЛЕСНО ДА СЕ НАЈДЕ, А ПОЛА ПЛАТА Е ДОВОЛНА ЗА УДОБЕН ЖИВОТ: Откриена е нова ветена земја за Балканците

Има ли ризици за цената на златото во 2026 година?

Има ли ризици за цената на златото во 2026 година?

Никој не сака да работи за 1.600 евра: Локалите се затвораат

Никој не сака да работи за 1.600 евра: Локалите се затвораат