08 Декември, 2025
0.0710

По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство

Објавено во: Македонија 08 Декември, 2025 14:42

Добивај вести на Viber

По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство, вели претседателката на НВО „ЕХО“, Бети Пеева. Таа посочува дека за 11 месеци само во Штип се регистрирани три случаи на фемицид, а статистиката за насилство врз жени е уште позагрижувачка.

- Конкретно кај нас во организацијата, која веќе 23 години работи во оваа област, се пријавени од Штип и околината, а има и од источниот дел, вкупно 109 случаи на насилство врз жени и деца, односно, девојчиња и ова е навистина загрижувачки факт. 

Ова е бројка само од овој дел, инаку „ЕХО“ работи и во Пелагонискиот и Југоисточниот регион и ако ги собереме и тие бројки, доаѓаме до некоја бројка од 180 случаи оваа година, а годината се уште не е завршена - изјави Пеева.

Таа додаде дека законската регулатива за заштита на жртвите на семејно насилство е солидна, постои и мултисекторска соработка, но понекогаш затајуваат институциите, односно се доцни со процедурите.

- Не само институциите се виновни за тоа, значи и самите жртви кои пријавуваат, поради трендот на економска зависност кој се зголемува од година во година, се премислуваат, се враќаат назад. Честопати пред да преземеме некоја постапка, тие се премислуваат и не сакаат да одат понатаму, рече Пеева.

Граѓанските организации кои работат на ова тематика веќе подолг временски период предлагаат промена на членот 130, став 2 од Кривичниот законик, односно насилникот да не се гони по предлог на жртвата, туку по службена должност.

- Жртвата се плаши од самиот сторител, дека доколку даде нејзина согласност за кривично гонење, во меѓувреме, додека да завршат процедурите и додека да се санкционира сторителот, може да се случат уште погрозоморни дела, посочува Пеева.

Според анализите на граѓанскиот сектор, во 2025-та година се бележи висок број пријавени случаи на семејно и родово базирано насилство, но се уште не постои единствен и транспарентен систем што ги следи предметите до обвинение и пресуда.

Изминатите денови во источниот регион се реализираа низа на работилници и средби во рамки на  кампањата 16 дена активизам против насилство врз жените.

Извор и Фото: МИА

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција“: професорот Трајковски со остра критика

„Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција“: професорот Трајковски со остра критика

ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николовски сподели видео на социјалните мрежи

ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николовски сподели видео на социјалните мрежи

Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов

Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов

СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува

СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува

„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве

„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве

„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски

„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски

Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак

Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак

Македонија денес го одбележува денот на Свети Климент Охридски

Македонија денес го одбележува денот на Свети Климент Охридски

ДВЕ ЛИЦА ФАТЕНИ ГО ГОЛЕМА КОЛИЧИНА АЛАТ БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА: завршија во затвор, а робата им е одземена

ДВЕ ЛИЦА ФАТЕНИ ГО ГОЛЕМА КОЛИЧИНА АЛАТ БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА: завршија во затвор, а робата им е одземена