17 Мај, 2024
0.0268

УЈП затвора, дуќанџиите обвинуваат за драконски казни и селективна битка !

Објавено во: Економија 27 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

150 даночни инспектори – веќе цел месец вршат засилени контроли врз работењето на фирмите низ целата држава. Од УЈП потенцираат дека ова е најголемата акција досега во која се врши контрола и на најмалата пиљара. Од почетокот на септември затворени се 222 деловни објекти низ целата држава. И тоа во Велес - 21, Струмица -41, Гевгелија -23, Куманово -29, Скопје-69, Тетово -19, Прилеп -20. Оние кои заработија парична казна, но и затворање на деловните објекти се револтирани.  Велат дека и покрај тоа што имало грешка во нивното работење – сепак казните биле премногу ригорозни.
„Дојдоа во мојот дуќан. Им ги дадов сите документи, што ги побараа. Направија  проверка и констатираа дека имам вишок сума на пари во мојата каса. И тоа стануваше збор за многу мала сума. И за тоа јас заработив затворање на дуќанот. Јас и онака не заработувам многу. Ова е само мала продавничка, која и сами гледате повеќе личи на трафика. Од тука се храни целата фамилија. Можеби грешката беше моја – но казната е многу голема. Не знам како ќе заработам за да ја платам, и за да се прехранам месецов, вели за Фактор еден од сопствениците на дуќаните во Тетово што останаа затворени.
Дел од нив пак сметаат дел од нив сметаат дека ова е начин како државата да го наполни буџетот.
„Државата најде начин како да го полни буџетот. Изгледа немаат пари па сега удри по народот. За ситници се затвораат дуќани. Па, каде и да влезе контрола, и се да е во најдобар ред, ако сака ќе најде грешка и ќе ве затвори. Тоа не треба да е така. Зошто не почнат со опомени, туку веднаш со затворање на дуќаните , вели за Фактор еден од сопствениците на затворени дуќани во Скопје.
Слична е сликата, но и реакцијата на сопствениците на затворените деловни објекти од Куманово. Мали пиљари, продавници за мебел, продавници за чевли, продавници за украси, ресторани – сите останаа затворени.
„Ми ставија пломба и не се бунам, грешката е моја. Но, проблемот е што овде на оваа улица тие контролираа селективно. Контролираа само кај оние кои се од опозицијата. Оние што се со нив, не го контролираат. Нас што се знае дека сме од опозиција, било да е од албанскиот или од македонскиот блок – еве гледате не затворија, вели за Фактор еден од сопствениците на затворен деловн објект во Куманово.
На ваквите обвинувања за слекетивност во контролите, од УЈП со став дека станува збор за притисоци на оние кои незакосни работеле и дека инспекторите нема да потклекнат на тоа.
„Без разлика на дејноста, неселективно ќе се контролираат деловните објекти - дали издаваат фискални сметки, дали го прикриваат и прикажуваат реалниот готовински промет, водењето на финансиката документација.Ја информираме јавноста и покрај обидите за притисоци и квалификации со цел локални препукувања и припишување на политичка, регионална и било каква конотација на работата на даночните служби, Управата за јавни приходи ќе продолжи со поддршка на легалните бизниси и сузбивање на сивата економија и неплаќањето на даноците.
Нападната инспекторка во Куманово Во текот на вчерашната акција една инспекторка од даночното одделение во Куманово, при вршење на контролите била спречена и физички нападната од даночен обврзник.
„Имено, службеничката која вршела достава на Опомени за неплатена радиодифузна такса на граѓани, била физички нападната од страна на даночниот обврзник, кој истовремено брутално и ги одземал и запалил службените акти. Случајот е пријавен во СВР Куманово. Иако ваквите инциденти се исклучоци, Управата за јавни приходи изразува згрозеност од бруталноста и навредите кои се упатуваат кон даночниците, а посебно кога се доведува во прашање безбедноста и здравјето на вработените при вршење на професионалните должности, велат од УЈП.
Како се полни буџетот годинава Годинава, државата планира во Буџетот да инкасира 1,3 милијарди евра само од даноци. Според последните податоци,  до август годинава државата од даноци инкасирала 825 илјади евра. Најголемиот дел од оваа сума што државата планира да ја соберер од даноци отпаѓа на ДДБ. Односно само од ДДВ, планирано е во Буџетот годинава да влезат 735 милиони евра, а до август годинава по овој основ инкасирани се 420 милиони евра. Како ќе се полни Буџетот следната година За следната година пак во Буџетот кој е за 7 % потежок од годинешниот, планирано е по основ  на даночни приходи и придонеси, државата планира да инкасира 135 милиони евра повеќе во 2014 та година, додека по основ на неданочните приходи каде влегуваат такси, казни и глоби државата догодина планира да прибере 19 милиони евра повеќе од годинава.
·         Даночни приходи                 1,4  милијарди евра
·         Придонеси                                733 милиони евра
·         Такси, казни, глоби                  243 милиони евра
·         Капитални приходи                   86 милиони евра
·         Донации                                       67 милиони евра
Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА