УКРАИНА И РУСИЈА ЌЕ ПРЕГОВАРААТ НА УКРАИНСКО-БЕЛОРУСКАТА ГРАНИЦА - Зеленски се согласил на разговор
Објавено во: Свет 27 Февруари, 2022 14:58
Украина денеска ги потврди мировните преговори со Русија. За време на телефонскиот разговор со белорускиот претседател Александар Лукашенко, Зеленски се согласил дека украинската делегација ќе се сретне со руската делегација без предуслови на украинско-белоруската граница, во близина на реката Припјат, пишува Киев Индепендент.
Украина се согласи на преговори во Гомел во Белорусија, а руската делегација ќе оди таму, изјави членoт на руската делегација Владимир Медински, јавија руски медиуми.
Медински рече дека руската делегација веќе имала намера да замине, но дека од украинската страна добила информација за потврда на преговорите.
„Потврда за разговорите добивме околу 15 часот, разговорите ќе се одржат во регионот Гомел, како што предложивме“, рече тој во руската амбасада во Минск.
Некои медиуми претходно објавија дека украинскиот претседател Влодимир Зеленски разговарал со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко, што набрзо го потврди и Зеленски на Фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




