УКРАИНА ЈА ЗАГУБИ ВОЈНАТА: Орбан вели, се чека Западот да го признае тоа
Објавено во: Свет 13 Август, 2025 08:57
„Русија ја доби војната со Украина“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан пред состанокот меѓу претседателите на САД и Русија во Алјаска во петокот.
Унгарскиот премиер, кој одржува блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин и покрај руската агресија врз Украина, е единствениот лидер на ЕУ кој не ја поддржа заедничката изјава во понеделникот во која се нагласува дека Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина.
- Сега зборуваме како да е ова неизвесна воена ситуација, но не е. Украинците ја загубија војната. Русија победи, рече Орбан за ЈуТјуб каналот „Патриот“.
„ Единственото прашање е кога и под кои околности Западот, кој стои зад Украинците, ќе признае дека ова се случило и какви ќе бидат последиците“, додаде тој.
Унгарија, земја која поголемиот дел од својата енергија ја добива од Русија, одби да ѝ помогне на Украина со оружје, а Орбан остро се спротивставува на патот на Украина кон ЕУ.
Унгарскиот премиер тврди дека Европската Унија ја пропуштила можноста да преговара со Путин за време на мандатот на демократскиот претседател на САД, Џо Бајден, а сега е загрозена дека други ќе ја обликуваат нејзината иднина.
- Ако не сте на преговарачката маса, тогаш сте на менито, рече Орбан, додавајќи дека Будимпешта се спротивставува на заедничката изјава затоа што Европа во неа изгледа „смешна и мизерна“.
„ Кога двајцата лидери ќе седнат на преговори, Американците и Русите... а вие не сте поканети таму, тогаш не брзајте кон телефонот, не трчајте наоколу, не викајте однадвор“, рече унгарскиот премиер за ЈуТјуб каналот „Патриот“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“
Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ
Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина
Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон
Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката
Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија
(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?
Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат
Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа





