20 Декември, 2025
0.0584

Украина меѓу земјите на кои им се заканува кипарското сценарио

Објавено во: Свет 31 Март, 2013 12:04

Добивај вести на Viber

Покрај Словенија и Малта, Украина би можела да биде уште една европска земја на која ѝ се заканува банкрот, поради внатрешни финансиски тешкотии и проблеми во враќањето на странските заеми, тврди познатиот банкарски аналитичар Тимоти Аш. Оваа земја има проблеми бидејќи граѓаните се потешко ги враќаат банкарските кредити, смета тој,  додека бизнисот на некои олигарси во таа земја е загрозен поради прогнозираниот недостиг на готови пари, по колапсот на банките на Кипар во кои и некои претприемачи од Украина имале значајни средства. Лондонски „Фајненшал тајмс“ исто така предвидува тежок период за Украина до кој ќе дојде и поради очекуваниот пад на економската активност оваа година, по многу слабиот економски раст во текот на 2012 година. Таквата ситуација, според пишувањето на лондонскиот весник, му наложува на Киев да побара помош од надвор, дали од сега финансиски моќната Русија или од ММФ, бидејќи Украина оваа година мора на странските доверители да им врати околу 10 милијарди долари. Украина и ММФ веќе две години безуспешно преговараат за тој заем, којшто раководството досега одбиваше да го одобри бидејќи Киев не се согласи да ја укине повластената цена на плинот за домашните потрошувачи. Повеќе од 100 милијарди долари Украина сега им должи на странските доверители, а владата оваа година воведе остри мерки за увоз на рускиот плин и на други енергенти, настојувајќи да го намали сè поголемиот дебаланс во надворешната трговија и на платниот биланс на земјата.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја