Украина најави дека може да банкротира на крајот на јули
Објавено во: Економија, Свет 25 Јуни, 2015 18:34
Украина не ја пропушта можноста да прогласи банкрот на крајот на јули, изјавила денеска министерката за финансии на земјата Наталија Јареско.
„Во теорија, ова е можно“, ијавила Јареско, одговарајќи на прашање дали може Украина да прогласи банкрот на крајот на јули во врска со последното достасување на купонот од 120 милиони долари во еврообврзници на 24 јули.
Украина не може да ги сервисира своите надворешни долгови акумулирани во последните три години, изјавил денеска премиерот Арсениј Јаценјук на средба со претставниците на американската стопанска комора.
Јаценјук прецизирал дека за последните три години земјата добила 40 милијарди долари. Според него вкупниот износ за сервисирање на надворешниот долг е еднаков на воените трошоци на Киев, што претставува 5 проценти од бруто домашниот производ (БДП).
Претходно агенцијата Блумберг објави извештај на американската инвестициска компанија Голдман Сакс (Goldman Sachs), која ги предвидува обврските на Украина на 24 јули.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе учествува на средбата на приватните кредитори и претставниците на украинската влада и се надева дека ќе биде постигнат договор за реструктуирање на украинските обврски, изјавил денеска на брифинг портпаролот на Фондот Џери Рајс, додаваат дека консултациите ќе се одржат на 30 јуни во Вашингтон и ќе имаат „технички карактер“.
„Вработените во Фондот ќе учествуваат на состанокот на привремениот комитет на кредиторите со Украина“, ијзавил Рајс, потсетувајќи дека ММФ и пред тоа ги поддржувал овие преговори, кои се важни за исполнување на неговата програма развиена за практичната имплементација на економските реформи во Украина.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




