Украина од ЕУ бара пари, а од Русија примирје!
Објавено во: Свет 16 Декември, 2014 15:35
Украинскиот премиер Арсениј Јацењук побар од Европската унија итна финансиска помош, а рускиот претседател Владимир Путин го повика да го почитува примирјето на истокот од Украина.
„Русија сака да ја уништи Украина. Украина е бојно поле“, рекол Јацењук во понеделникот после првиот состанок мна Советот на ЕУ - Украина во Брисел.
Тој состанок произлезе од ратификацијата на спогодбата за асоцијацијата со ЕУ во украинскиот парламент во септември. Откажувањето на прорускиот претседател Виктор Јануковиќ од таа спогодба пред година ден поттикна протести во Киев.
„Владата ќе направи се што е во нејзина моќ, но потребна ние помош, помош да ја стабилизираме украинската економија, помош да го стабилизираме финансискиот и фискалниот сектор, и да го совладаме овој бран и комплициран историски период“, рекол Јацењук и ги објаснил мерките кои неговата влада ги превземала.
ЕУ веќе и исплати на Украина 1,6 милијарди евра заем преку два макроекономски програми на помош, а планира да и даде уште, но за возврат сега од неа бара реформи.
Конференцијата на инвеститорите треба да се одржи на почетокот на идната година, рекол европскиот комесар за соседство Јоханес Хан.
Јацењук рекол дека Украина „поради руската агресија“ изгубила 140 одсто од своето индустриско производство и дека нејзиниот БДП паднал за 7,0 одсто.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




