Украина по 4 години нема да увезува гас?
Објавено во: Економија, Свет 24 Август, 2016 14:57
Украина ќе помине целосно на употребата на гас од собствени извори по 4 години, изјави министерот за енергетика и индустријата за јаглен Игор Насалик пред украински телевизии, пренесоа агенциите.
Министерот појасни дека Владата на Украина работи на програма, со која увозот на гас ќе биде исклучен целосно и ќе биде проследен со дополнителен принос од внатрешни извори и подобра енергетска ефикасност.
Насалик рече дека во моментов Украина губи по 11,5 кубни метри га. За зголемување на енергетската ефикасност Европската инвестициска банка и додели на Украина кредит од над 400 милиони долари.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




