УКРАИНА УНИШТИ МОЌНА РУСКА РАДАРСКА СТАНИЦА: Дали сега ќе гаѓаат цели длабоко во Русија?
Објавено во: Свет 03 Октомври, 2024 16:53
Украина уништи моќна руска радарска станица.
Украинските одбранбени сили употребија ракети АТАКМС за да уништат една од познатите руски радарски станици „Небо-М“, објави Генералштабот на украинската армија.
Во соопштението се истакнува дека уништувањето на радарот со долг дострел ќе создаде поволен „воздушен коридор“ и ќе ѝ овозможи на Украина ефикасно да ги користи крстосувачките ракети „Сторм Шадоу“ и „СКАЛП-ЕГ“ за нови мисии.
Украинскиот лидер Володимир Зеленски повеќепати побара од САД и од сојузниците на Украина да дозволат користење на ракетите „Сторм Шадоу“ за цели внатре во Русија како дел од најавуваниот „план за победа“. САД засега не дадоа одобрение за предлогот.
Уништувањето на рускиот радар „Небо-М“ значително ќе ги ослаби можностите на руската армија за откривање, следење и пресретнување на аеродинамични и балистички цели.Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, во четвртокот изјави дека Алијансата знае дека Украина има итни потреби во борбата против руската инвазија, за време на неговата посета на Киев и средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од 31 месец. Русија бараше денацификација, демилитаризација на Украина и признавање на независноста на Доњецк и Луганск. Потоа како цел се споменуваше ослободување на Донбас. Рускиот претседател Владимир Путин деновиве пак изјави дека Русија ќе ги постигне своите цели во Украина.
foto printskrin X
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




