17 Мај, 2024
0.0279

Украинците во еден ден се пробиле 40 километри кон Херсон, потврдија проруските сепаратисти

Објавено во: Свет 03 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Проруските сепаратисти објавија дека украинските сили напредуваат кон Херсон. 

Тие ослободиле села долж десниот брег на реката Днепар во јужна Украина, напредувајќи и на вториот фронт на кој почнаа противофанзива. Прорускиот шеф на управата на Херсон, Владимир Салдо, потврди дека украинските сили освоиле бројни населени места, стигнувајќи до околината на селото Дудчани, и тоа е напредување од околу 40 километри за само еден ден.

„Информациите се тензични. Украинците направиле пробив кај Днепар и имаат окупирано населени места“,  вели Салдо.

Советникот на министерството за одбрана Антон Герашченко денеска објави снимка од украински војници во селото Михајливка, што би бил напредок од 20-ина километри.

Само неколку часа по концертот на Црвениот плоштад во Москва, на кој се славеше анексијата на четири украински региони, руската војска мораше да се повлече од градот Лиман, од каде што се отвора простор за напредување кон Луганск. Напредокот на украинските сили на југот од Украина го потврдуваат и руски блогери. 

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров јавно го критикуваше руското воено раководство за неговиот неуспех на бојното поле во Украина. 

Тој објави дека ги испраќа своите три малолетни синови во војната во Украина. Посочува дека имаат 14, 15 и 16 години, но дека нивната воена обука почнала одамна, од мали нозе.

Бери Ричард МекКафри, пензиониран американски генерал и деловен советник, кој служеше во кабинетот на претседателот Бил Клинтон, ја коментираше моменталната ситуација на фронтот во Украина.

Тој шпекулира дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да употреби нуклеарно или хемиско оружје доколку падне град кој неговите сили претходно го окупирале, пренесува Блиц.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. 

foto EPA/OLEG PETRASYUK

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра