Улогата на управувањето на земјоделството-Фактор за надминување на кризи
Објавено во: Колумни 18 Март, 2019 06:40
Економските кризи не само што го отежнуваат функционирањето на стопанските субјекти од аспект на економските опстанок и развој, туку создаваат специфички проблеми пред они што ги управуваат фирмите. Овде под фирма се продразбира секоја организација која произведува за пазар и учествува во него каде спаѓаат и индивидувалните производители. Кај истражувањето на проблемите за кризите, потребно е да се имаат предвид не само однесувањето на големите фирми, туку и реакциите кон фазите на бизнис од страна на “ситните играчи” , кои имаат влијание на пазарот инесамостојно, туку како целост. Значење имаат не само односот меѓу гранките на производството и меѓурегионалните врски туку и трансформација на работната сила од една специјализација во друга, промените во структурата на капиталот и брзината на обртот на функционалниот капитал. За подолг период на време се важни динамиката и односите помеѓу цените, промените во структурата на крајната побарувачка како и извозот и увозот и валутните курсеви. Од гледна точка на субјективниот фактор важни се промените во вкусовите на потрошувачите и предностите кои ги даваат потрошувачките не само на крајниот туку и на меѓуфазни производи. Од друга страна, промената на технологиите треба да се разгледува не само на продуктивноста на трудот и намалување на цената на чинење туку и од гледна точка на подобрувањето на условите на трудот и квалификацијата на работната сила.
Една од важните специфичности на земјоделството е дека тоа има големо значење, не само како извор на работа и исхрана на населението, не само како сигурен снабдувач со суровини за поврзани со него гранки на производство, туку за развој на селскиот туризам и туризмот воопшто, особено во реони каде не недостасуваат социјални, демографски и други фактори на производството за неопходен пристап до работна сила и има траен вишок на работна сила.
Важен сегмент на особеностите на производните единици во земјоделството во многу земји е дека локалните пазари имаат низок дел и за развој и специјализација, зависи од откупувачите и преработувачите на земјоделските производи. Тоа се должи на фактот дека повеќето земјоделци се во услови на полна конкуренција меѓусебе и не можат да имаат монополска позиција во однос на пазарите на готови производи. Тогаш кога земјоделците се систематски објект на измами од нивните клиенти се случува или одлив на работна сила и капитал или масовни земјоделски протести, кои имаат влијание на национални и транснационални институции за управување и контрола на земјоделството.
Според изворите, економските кризи претходно биле кај ефективноста на капиталот, а современите економски кризи се совпаѓаат со демографски и еколошки кризи. Имајќи ја предвид глобализацијата на општествените процеси, управувањето на земјоделството треба да се разгледува на четири нивоа – наднационално, национално, регионално и микро ниво односно кај фирми и кооперативи (задруги). Над национално ниво е потребно уредување не само на односите во размената во земјоделството помеѓу одделни држави , но и решавање на такви проблеми кои се поврзани со глобалното затоплување, поплавите, сушите и другите влијанија (природни) од транснационална природа, спроти кои одделните држави не можат сами да се бараат зошто е потребна меѓународна координација. На национално ниво треба да се решаваат и дел од проблемите поврзани со загадувањето на животната средина, некои специфични проблеми кои се однесуваат на аграрните кризи и стабилноста на пласманот на производството, плаќањата на земјоделците кај сушни години како и даночната политика во земјоделството. Тогаш кога во даночната политика доминираат фискални функции, треба внимателно да се постапува кон земјоделските производители, имајќи ја предвид големата зависност од природата и тешкотиите за зголемено производство на живиот капитал.
На национално и меѓународно ниво се решаваат и такви проблеми како што е квалитетот и стандардизацијата на производството и нивната здравствена безбедност. Една од функциите на современите развиени држави меѓутоа е сега и останува во иднина заштита на националните пазари на земјоделските производи од дампинг кај увозот и нелојална конкуренција, како и дозвола за увоз со оглед на социјално-економско задоволување на потребите на граѓаните и намалување на вредноста на работната сила.
На ниво на фарма , се решаваат како проблемите на инвестициите во одделни стопанства, така и прашањата за заштитениот асортиман на производите, преселување на капиталот на од земјоделството во други дејности и комбинација помеѓу земјоделството и туризмот, трговијата и други дејности. Тука е важно градењето на патишта и развој на комуникациите. Тоа не само што ги отвара пазарите за и од земјоделско стопанство, но и овозможува на земјоделците да бидат подобро информирани за нови технологии, промени во побарувачка на производите и сл.
На крај можат да се направат неколку основни изводи и тоа:
-Проблемот за кризите во стопанството е не само економски и социјален туку и во управувањето;
-Во иднина ќе биде уште поголема децентрализација на проблемот на носење на решенија, кога се зголемува довербата помеѓу управувачите и управуваните;
-Ќе се зголеми користењето на интелектуалниот капитал на вработените и непосредните односи меѓу фирмите;
-Светските економски кризи започнувале како класично економски;
-Некои кризи на глобално ниво се често не само економски, туку повеќе политички.
Проф.Б.Анакиев; Проф.Ромина Кабранова
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





