20 Декември, 2025
0.0404

Уљукаев: Руската економија влегува во рецесија поради санкциите од западот

Објавено во: Економија, Свет 18 Декември, 2014 10:03

Добивај вести на Viber

Санкциите на западот за Русија поради нејзината улога во кризата во Украина најверојатно ќе потраат подолго време, можеби и децении, истакнал рускиот министер за економија, Алексеј Уљукаев за московскиот весник „Ведомости“. „Кога САД ќе изгласаат некој закон, истиот подоцна многу тешко е да се промени и изгледа како да ќе трае со децении“, изјавил Уљукаев, пренесува „Ројтерс“. Руската економија влегува во рецесија, во која ја влечат санкциите на западните зенји и ниската цена на нафтата, бидејќи, приходите од продажбата на овој енергенс сочинуваат голем дел од рускиот  државен буџет. Рубљата од почетокот на оваа година ослабна за повеќе од 45 отсто во однос на доларот. Уљукаев наведува дека недостатокот од структурни реформи во економијата предизвикал „совршена олуја“ во Русија. „Руската економија, доколку не беа санкциите, падот на цената на нафтата и доколку не направевме некои „будалести“ работи, би пораснала за 2,5 до 3 отсто оваа година“, истакнал рускиот министер за економија. Идната година санкциите за Русија би можело да бидат уште поостри, а ситуацијата на пазарите на нафтата уште потешка, додава тој. Уљукаев смета дека многу е тешко да се предвиди ситуацијата па затоа земјата не може да биде подготвена на случувањата во идниот период. „Дали треба да разработиме уште едно сценарио покрај ова за нафтата која се продава за помалку од 60 долари за барел? Да пробаме со 40, 20, 10 долари?, зљапрашал иронично министерот, пренесува „Ведомости.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба