21 Јануари, 2025
0.0457

УНИ Банка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“

Објавено во: Мои пари 08 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

УНИ Банка АД Скопје и оваа година ќе биде поддржувач и еден од главните спонзори на „Охридско лето“,  најголемата културна манифестација во земјава.

64-тото фестивалско издание „Охридско лето“ започнува на 12 јули, а ќе трае до 20 август. Многуте концерти на класична музика, театарски претстави, изложби, национални вечери кои ќе бидат дел од овогодинешната разновидна културна програма, ветуваат богато и незаборавно културно лето.

“Културата има извонредна способност да ги надмине границите, јазикот и различностите, и да ги поврзе луѓето од различни сфери на животот. Токму поради тоа, како и минатата година, УНИ Банка АД Скопје и оваа година е поддржувач на фестивалот „Охридско лето“.  Со спонзортсвото на проекти од културата ја дефинираме нашата определба како поддржувач на позитивни иницијативи во локалната заедница, кои придонесуваат кон создавање дух на солидарност, поддршка и заедништво, и кон креирање на вистински вредности” изјави Милка Тодорова Извршен Директор и Претседател на Управен одбор на УНИ Банка АД Скопје.

„Охридско лето“ отсекогаш бил фестивал каде се оддава признание на уметниците, доказ за моќта на музиката да ги обединува културите од различни земји. Настан за луѓе од различни генерации, со различни интереси и професии, а за кои е заедничко дека сакаат да ги прошируваат своите хоризонти и погледи на светот.

Предвидените настани на 64-тото издание на фестивалот на класична музика „Охридско лето“ и оваа година се организирани на прекрасните и автентични отворени сцени како Античкиот театар, Долни Сарај, Предворјето на „Света Софија” и во самата катедрална црква, што дополнително предизвикува посебно чувство кај сите посетители.

Заедно со УНИ Банка уживајте во богатата програма на „Охридско лето“.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије