15 Декември, 2025
0.0443

УНИБанка АД Скопје и Развојна банка на Р.С. Македонија потпишаа Рамковен договор за учество во кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва, т.н. Унгарска кредитна линија

Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2025 11:10

Добивај вести на Viber

УНИБанка АД Скопје е една од банките во земјата преку која клиентите, правни лица, ќе може да аплицираат за поволен кредит за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва.

Сметаме дека оваа кредитна линија има силна развојна и инвестициска компонента, и ќе допринесе за поттикнување на нови инвестиции во основни средства и поддршка на економскиот развој, иновации и инвестиции. Истите позитивно ќе влијаат врз економијата и ќе донесат нови вработувања, раст на БДП и сеопфатен економски раст и развој во државата.

Договорот потпишан со Развојна банка на Р.С. Македонија ќе ни овозможи пласман на кредитната линија согласно дефинираните критериуми на Владата.

Нашата соработка со Развојна банка на Р.С. Македонија, со оваа, како и со претходни кредитни линии, секогаш е во насока на зајакнување на македонската економија.

“Со кредитната поддршка на нови инвестиции во основни средства преку оваа линија придонесуваме кон јакнење на капацитетот на домашните субјекти, кон зголемување на позитивните ефекти од нивното работење, создавајќи долгорочен придонес за економски развој на земјата.

Целта е подобрување на вкупните перформанси, зголемена економска продуктивност и поголема конкурентност на претпријатијата. Веруваме дека во земјава има компании со голем економски потенцијал, со проекти кои можат да бидат конкурентни на светскиот пазар”, истакна Милка Тодорова, Претседател на Управен Одбор на УНИБанка АД Скопје.

Кредитот е со намена за нови инвестиции во основни средства, со фиксна каматна стапка од 1.95%, а максималниот износ на кредит изнесува 615.000.000 МКД при што се зема предвид и изложеноста кон поврзани лица.Кредитот е сомаксимален рокдо 15 години, со вклучен грејс период до 3 години, без надомест за одобрување, управување и предвремена отплата.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија