УНИДО со поддршка на кластерите ќе го развива туризмот во Македонија
Објавено во: Економија 24 Февруари, 2016 15:22
Oрганизацијата за индустриски развој на Обединетите нации (UNIDO) го одбележи завршувањето на две-годишниот Проект во Македонија за развој на туризмот преку поддршка на кластерско здружување во регионите на Охридското езеро и Тиквешкиот регион. На завршниот настан во х. Стоун Бриџ во Скопје ги промовираше резултатите од двата кластери за туризам во Македонија и плановите за понатамошна поддршка.
Пред поголем број на присутни беше истакнато дека УНИДО успеа со кластерите да ги поврзе локалните самоуправи, надлежните институции, приватниот сектор, и други чинители вклучени во туризмот во двата региони во Македонија, Охридскиот и Тиквешкиот вински регион.
Присутните констатираа дека се поставени стабилни темели кои треба да придонесат за унапредување на локалниот туризам во овие два региона, а за кои предходно беше идентификувано дека имаат многу поголем потенцијал за развој. Особено недоволно е искористен Тиквешкиот регион, каде се регистрирани само 2,4% туристи од вкупниот број кои дошле во земјава според информациите од Заводот за статистика на РМ.
Проектот насловен како “Промовирање на одржливи врски и развој на кластери во македонската туристичка индустрија” беше развиен и имплементиран од УНИДО во партнерство со Министерството за економија на Република Македонија, а финансиран од Република Словенија која за оваа цел издвои 220.000 евра. Овозможи да се креира одржлива стратегија за развој на туризмот, да се испланираат возбудливи туристички производи, што треба да овозможи многу поголеми приходи од туризам, кои изминативе години во просек изнесуваат 5,4 % од БДП, според што Македонија заостанува зад останатите земји од регионот.
Токму кластерите како нови и ефективни иницијативи, имплементирајќи успешни јавни и приватни иницијативи, преку поттикнување на соработка, иновации и поврзување, треба да бидат главниот генератор на развој на туризмот, беше главниот заклучок на овој настан во организација на УНИДО.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




