УНИКАТНО: Oваа земја ќе покрива дел од трошоците за патување на странските туристи
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Мај, 2020
Jапонија ќе покрива дел од трошоците за патување на странските туристи.
Владата ќе им плати на туристите едно ноќевање за секои три ноќевања во хотел. На туристите ќе им бидат бесплатни и билетите за музеи и археолошки локации. Владата ќе потроши 50 милиони евра за овој дел од програмата за враќање на туристите во земјата.
Хироши Табата, директорот на Агенцијата за туризам во Јапонија, изјавил дека владата ќе потроши 19.5 милијарди долари за да привлече странски туристи. Oваа програма ќе почне да се реализира летово, веројатно од јули.
Имаат 126 милиони жители, 16.433 заразени и 784 смртни случаи поврзани со Ковид -19.Поволности за враќање на туристите нуди и Сицилија.
Италијански остров предлага да им плати на туристите половина од билетот за авион и ноќевањето.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.