19 Декември, 2025
0.0508

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ: Кој не си го потрошил ваучерот за туризам, има многу краток рок да го искористи

Објавено во: Економија 14 Декември, 2020 10:44

Добивај вести на Viber

Крајниот рок за искористување на ваучерите за туризам е 15 декември 2020 година, соопшти денеска Министерството за економија.

Заклучно со денешниот ден се искористени 61.648 ваучери за домашен туризам од вкупно доставени 100.336 ваучери на валидни е-маил адреси.

Платформата „Дома си е дома“ преку која се реализираше мерката ваучери за домашен туризам ќе биде затворена за реализација на оваа мерка на 15.12. 2020 година.

Гостите кои што користат ваучер за домашен туризам ќе треба да бидат одјавени од сместувачките капацитети најдоцна до 15.12. 2020 година.

Хотелиерите кои што имаат гости кои што користат ваучери за туризам ќе треба најдоцна до 18.12.2020 година до Министерството за економија да достават фактури за плаќање, по што до крајот на годината ќе им бидат исплатени средствата од искористените ваучери.

Со мерката ваучери за домашен туризам во вредност од 6.000 денари која е дел од Третиот сет мерки на Владата за справување со последиците предизвикани од пандемијата беа поделени 117.531 ваучер за домашен туризам на сите вработени граѓани кои  во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле вкупни нето приходи од плата и надоместоци од плата не поголеми од 60.000 денари според податоците од Управата за јавни приходи.

Ваучерите за туризам се користеа во домашните туристички објекти кои беа регистрирани на платформата “Дома си е дома“.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра