20 Декември, 2025
0.0499

Уште еден директор од Гугл заминува во Јаху

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2012 09:53

Добивај вести на Viber

На врвот Јаху застанува уште еден поранешен менаџер во Гугл. Главниот извршен директор на компанијата Мариса Мајер успеа да го убеди својот неодамнешен колега Енрике де Кастро да стане дел од Јаху. Експертот во он-лајн рекламниот бизнис, ќе раководи со компанијата како главен оперативен директор. Тој ќе биде одговорен за продажба, медиумскиот бизнис и внатрешните процеси во компанијата. „Јас сум воодушевена дека тој се приклучува на силниот лидерски тим на Јаху", изјави Маер. Откако таа ја презеде функцијата во јули, направи големи измени во високиот менаџмент. Сега Јаху има нов финансиски директор и нов маркетинг менаџер.  Де Кастро ќе седне на директорското место најдоцна во јануари. Целта на овие кадровски промени е да се подобри бизнисот со он-лајн рекламирањето во Јаху, а Де Кастро ќе биде клучна фигура во овој дел. Гугл е најголемиот конкурент на Јаху во борбата за освојување на пазарот за он-лајн реклами. Фејбук исто така има свој удел на истиот пазар. Мајер успеа да го убеди Де Кастро за транфер во Јаху пред се благодарение на парите. Неговата годишна плата ќе биде 600 000 долари и дополнителни бонуси. Но пред се,  менаџерот ќе добие 1 милион долари во готово како почетен бонус, но и  акции од неколку десетици милиони долари.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба