20 Декември, 2025
0.0567

Уште еден меѓународен аеродром ќе никнува во близина на Софија

Објавено во: Балкан 06 Септември, 2013 21:13

Добивај вести на Viber

Нов аеродром ќе се прави во близина на Софија. Тешки патнички и карго авиони ќе можат да слетуваат во во Бугарија ако биде реализиран генералниот план за развој на поранешниот воен аеродром Кондофреи. Документот неодамна беше одобрен од експертскиот совет за цивилна и воздушна пловидба, но како што пренесе весникот „Стандард" , експерти коментираат дека планот е многу амбициозен. Тој вклучува изградба на нов патнички терминал , карго зона , платформи , гранични премини и царина , кои ќе го претворат поранешниот аеродромот во шесттиот меѓународено аеродром во Бугарија. Сериозните инвестиции според планот ќе ќе бидат потребни за 2500 метри долгата бетонска стаза за полетување и слетување која треба да се засили за да ја користат тешките цивилни авиони од типот на Boeing 737 , Airbus А320 и др . Врз основа на одобрениот план, сопственикот на аеродромот треба да извади документи и да добие дозвола за изградба. Воениот Аеродром е сместен на околу 60 километри од Софија , во близина на автопатот „Струма " кој го врзува главниот град со Перник , Ќустендил , Благоевград , Дупница , Радомир . Пред две години аеродромот со површина 378.8 хектари  беше продадено на аукција од Министерството за одбрана за 1,25 милиони лева. Според авиоекспертите, новиот сопственик планира да вложи околу 57 милиони лева , кои сепак тешко би можеле да се вратат од карго летови .

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација