Уште еден сој на коронавирусот е откриен во Африка
Објавено во: Свет, Корона Вирус 01 Април, 2021
Уште еден нов сој на коронавирусот е откриен во Африка.
Здравствените власти откриле нов сој на коронавирус кај патник кој патувал од Танзанија до Ангола. Африканскиот центар за контрола на болести објави дека кај овој вид на коронавирус има уште околу 40 мутации.
Танзанија не објавува податоци за бројот на заразени со вирусот, и натамошното ширење на овој нов вид на Ковид-19 не може да се следи. Сè уште не е познато дали постојните вакцини ќе бидат ефикасни против новиот сој на коронавирусот. Официјални лица предупредуват дека Африка е на пат кон третиот бран од пандемијата со Ковид-19. Британските и јужноафриканските видови на коронавирусот се потврдени во 18 африкански земји.
Пред неколку дена е откриен нов сој во Чешка. Претходно, во Франција и Јапонија беа откриени нови соеви.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.