20 Декември, 2025
0.0561

УШТЕ ЕДЕН ЗАБОРАВЕН, ЗАПУШТЕН И ПОЛУ УНИШТЕН ОБЈЕКТ СЕ СТАВА ВО ФУНКЦИЈА“: Мицкоски го отвори Македонско село

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2025 12:47

Добивај вести на Viber

Денеска присуствував на свечено отворање на угостителскиот објект, комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези, соопшти на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.
За мене претставува задоволство што уште еден заборавен, запуштен и полу уништен објект се става во функција, тоа е овој комплекс, наречен „Македонско село“.

Благодарност до инвеститорите, до концесионерите, кои што се охрабрија да инвестираат и да понудат и на Скопје и на сите оние кои ќе го посетуваат Скопје уште едно туристичко, алтернативно и ултра квалитетно место, каде што може да се ужива во преубав поглед, во преубави соби, апартмани и сигурен сум во превкусна храна.

Ги повикувам сите оние кои што не го посетиле „Македонско село“, да дојдат во посета, да уживаат, во тоа што го нуди овој објект. Во периодот кој што следи, да се погрижиме сето она кое што за жал изминативе седум години беше заборавено, уништено, девастирано, полека, но сигурно го обновуваме и повторно му го враќаме сјајот и го ставаме во функција, едно по едно, во зависност од приоритетите и можностите.

Туризмот бележи вонредни резултати. Кај странските гости имаме посебно голем раст, повеќе од 20% споредено со истиот период од минатата година. Очекуваме тој тренд да продолжи и да се зголемува. Работиме многу на тоа, така што и Министерството за култура и туризам е исклучително многу посветено“, напиша премиерот. 


Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба