26 Ноември, 2024
0.0251

Уште една голема исплата на надомест на штета за случајот „Претседавач“ со АД Машинопромет

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за правда на Сузана Пашоска и исплатило 1,95 милиони денари, или околу 32.000 евра на 13 октомври како надомест за штета за случајот „Претседавач“, поврзан со стечајот на АД Машинопромет, што беше отворен во 2013 и заврши неславно за претходната власт. Ова воедно е најголемото обештетување што го исплаќа годинава Министерството за правда.

Мирослав Шиповиќ, поранешниот претседател на Советот на Општина Центар, годинава исто така е обештетен со 20.000 евра од Министерството за правда за долговремениот притвор за контроверзниот случај „Претседавач“ во кој тој беше обвинет за наводни злоупотреби во работењето и избегнување данок од 17 милиони денари како екс-раководител на „Машинопромет“.

Надомест на штета од Министерството за правда во истиот период добил и неговиот брат Ненад Шиповиќ, кој е исплатен со слична сума. Тој исто така беше еден од осумтемина притворени во акцијата „Претседавач". Тогашната власт беше критикувана дека преку сценарио сака да го неутрализира мнозинството на опозицијата во Општина Центар откако беше најавено дека ќе се чешла проектот „Скопје 2014“. Тогашната опозиција во Центар победи по три прегласувања за време на локалните избори. 

Од министерството за „Фактор“ потврдија дека се работи за исплата на надомест на штета по добиена судска одлука, откако Пашовска неосновано минала осум месеци и 23 дена во притвор и куќен притвор. Таа беше седмообвинета во случајот како раководител на Одделението за присилна наплата во регионална дирекција на УЈП во Скопје. Тогаш според Обвинителството, Пашоска иако знала дека се водат постапки за присилна наплата на даночен долг на АД „Машинопромет“, наместо согласно Законот за даночна постапка да ги спроведе постапките за присилна наплата  за даночен долг, дозволила трговската стока за продажба која се наоѓала на залиха во АД „Машинопромет“ да биде отпишана и отуѓена со продажба како старо железо 

Министерството за правда во текот на месец март им ги исплати парите на браќата Шиповиќ врз основа на правосилна судска пресуда со која Министерството за правда било задолжено да им исплати на овие лица по основ на неосновано лишување од слобода - притвор, вкупен износ од 2.160.000 денари од кои на тужителот Мирослав Шиповиќ износ од 1.200.000 денари, а на тужителот Ненад Шиповиќ износ од 960.000 денари со соодветна законска казнена камата и трошоци на постапка.

Вкупните суми, според статистиката која ни ја достави Министерството за правда, рапидно растат во 2018 и 2019 година, кога се многу повисоки во однос на претходните. Во 2018 година за 10 случаи исплатени се вкупно 4.794.469 денари, а во 2019 за 9 предмети исплатени се 4.884.869 денари на име надомест на штета со законска казнена камата и трошоци на парнична постапка.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу