22 Ноември, 2024
0.0284

УШТЕ ЕДНА МАКА ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Јa сакате својата работа или работите затоа што морате?

Објавено во: Економија 12 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Mногу луѓе работат работа која не ја сакаат, само за да си обезбедат приходи и да можат да преживеат.

Но, самите се свесни дека е голема предноста доколку работникот се занимава со работа која ја сака. Така ќе биде попродуктивен и ќе вложи максимален труд за да напредува во кариерата. Оние на кои работната средина и ангажманот им се погодени, со леснотија ги обавуваат своите работни задачи.

„Јас сега сум стечаец, но сум работела работа која не ја сакав. Одев со зор на работа. Едноставно, под стрес си, не си задоволен. Во државно работев, таа работа ја сакав, а во приватен сектор бев под притисок. Едноставно, кога работев работа која не ја сакав, наутро не ми се тргнуваше на работа, а кога ќе отидев на работното место, само гледав кога ќе заврши работното време“, објаснува Зорица Петковска, граѓанка.

Друга граѓанка вели дека без мака одела прва, втора, трета смена, но ја сакала својата работа.

„Со полн елан одиш на работа ако ја сакаш работата. Работев и прва и втора, и прекувремено и трета смена и не ми беше тешко“, рече Летка Димитриевска, граѓанка.

Луѓето велат дека и приходите се важни, но и љубовта кон работата.

„Работам работа која ја сакам и за приходи секако. Кога се работи со љубов има резултат, ако не, нема резултат“, кажа Виолета Р. граѓанка.

Младите велат дека им е потребна работа која ги исполнува. 

„Јас ја сакам својата работа. Има голема разлика. Ако ја сакаш работата, имаш поголем елан, имаш цел. Одиш на работа и ти е убаво во тие 8 часа, а ако не ја сакаш работата, гледаш побрзо да помине денот“, изјави Марија Јовановска, граѓанка.

Кариерниот советник Наташа Ивановска вели дека луѓето треба добро да размислат за својата работа, кои се нивните афинитети и очекувања.

„Кога ја сакаме работата, повеќе се вложуваме, учиме полесно и со тоа остваруваме повеќе, се препознава нашиот потенцијал и креираме можности за напредување. Затоа како кариерен советник препорачувам и помагам секој да се запраша каква работа бара, што го интересира, што вреднува во едно работно место, што повеќе ќе му одговара како работна средина, поврзано со типот на личност. Многу фактори водат кон задоволство од работата, важно е за себе да знаеме што е тоа што нам ни значи, од каде ја црпиме енергијата. Не е сеедно каде и во какви активности поминуваат тие осум часа од нашиот живот, секој ден“, додава Ивановска.

Објаснува дека во секоја работа има нешта кои не ги сакаме, ни се здодевни или не ги работиме со ист ентузијазам.  Според кариерниот советник, прашањето е колку се тие нешта, тие денови кога едвај чекаме да помине работното време. Ако преовладуваат, треба да се запрашаме кои се другите опции, што можеме прво да направиме да ни биде подобро на работното место каде што сме, а понатаму, кое друго работно место може да ни биде попривлечно.  Ивановска советува дека постојаното надоградување со нови знаења и вештини обезбедува повеќе избори, поголема вработливост, па затоа советот е концептот на доживотно учење.

„За платата велиме дека е демотиватор, но не е мотиватор. Поедноставно кажано, платата до одредено, минимално ниво, се смета за основен мотиватор, бидејќи од тоа зависи нашата безбедност, потребата да се покријат основните животни трошоци. Тука е потребата да се работи „било што”, за кое како кариерен советник сепак препорачувам да се запрашаме како тоа „било што” изгледа во идеална смисла. Што би можел/а и сакал/а да работам, кога би имала избор? Со ова, самите дозволуваме да видиме повеќе можности, поинаку ги читаме огласите за вработување...си даваме шанса да најдеме нешто кое е блиску до интересите и вештините кои ги имаме. Платата која ја добиваме секогаш ја ставаме во корелација со другите фактори – работната средина, колку се чувствуваме вреднувани, какви се релациите, особено со директниот претпоставен. Често ја повторувам реченицата дека нема доволно висока плата за работа која не ја сакаме. Клиентите ги охрабрувам да гледаат пошироко, кон можностите кои се пред нив, да ги надминат ограничувањата кои често сами ги наметнуваат. Работа има, прашањето е колку самите знаеме каква работа е најдобра за нас и колку се стремиме кон нешто подобро“, рече Ивановска.

На 14 февруари годинава е направена анкета на Инстаграм профилот на Vrabotuvanje.com.mk со прашање „Колку си ја сакате работата?“.  Како што објавија, една третина од испитаниците (33 отсто) одговориле дека воопшто не ја сакаат својата работа, а нешто помалку (32 отсто ) на прашањето одговориле со многу. Одговорот малку го избрале 22 отсто, а само 12 отсто „ептен многу“ си ја сакаат работата.  Иако оваа анкета беше креирана од забавен карактер, резултатите покажуваат дека добар дел од испитаниците не се задоволни.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат