Уште една туристичка дестинација ги ограничува посетите: Само 6.000 луѓе дневно ќе можат да допатуваат
Објавено во: Свет 04 Јули, 2025 19:36
Францускиот град Кан, познат по својот гламур и престижен филмски фестивал, објави дека ќе го забрани пристанувањето на големи крузери и ќе го ограничи бројот на патници што влегуваат во градот секој ден - како одговор на растечките загрижености за масовниот туризам и загадувањето.
Од 1 јануари 2026 година, Кан ќе го забрани пристанувањето на сите крузери што превезуваат повеќе од 1.000 патници. Овие големи бродови повеќе нема да можат да влезат директно во градското пристаниште. Наместо тоа, тие ќе мора да останат на сидрото подалеку од брегот, а вкупниот број патници на крузери што можат да го посетат градот дневно ќе биде ограничен на 6.000.
Градоначалникот на Кан, Давид Лиснар, изјави дека новиот пристап води кон филозофијата: „Помалку бродови, помали бродови, помалку загадување и естетски попријатно присуство“.
Лиснар тврди дека ова не е целосна забрана за крузери, туку регулатива, која има за цел да ја зачува убавината на градот, здравјето на граѓаните и туристичката атракција, а воедно да ја зачува локалната економија, пренесе bizlife.rs.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




