Уште една ветерна централа на странци започнува со работа во Македонија
Објавено во: Економија 22 Септември, 2025 07:50
Уште еден нов приватен ветерен парк на странски инвеститор започнува со работа во Македонија, откако турскиот „Калтун Енержи“ ја доби потребната лиценца за почеток на производството на електрична енергија од Регулаторната комисија за енергетика.
Ветерната централа на „Калтун енержи“ се наоѓа во демиркапиското село Дрен, но територијално ги опфаќа и општините Гевгелија и Неготино. Според известувањето што е доставено минатиот месец до РКЕ; поголемиот ветерен парк од седум турбини ќе треба да го синхронизира рабтењето со помалиот од две турбини, кој веќе е во тест период.
Вкупната моќност на ветерната централа се очекува да изнесува околу 43 мегавати, да призведува над 100.000 мегаватчасови електрична енергија, па според проценките, со тоа да заработува повеќе од 10 милиони евра годишно.
Лани со работа започна првиот приватен ветерен парк „Богословец“ на Тхор Импекс и во текот на својата прва активна година од работењето заработи повеќе од 5 милиони евра, односно 313.034.220 денари како повластен производител.
„Богословец“ започна со работа со осум ветерни турбини помеѓу Штип и Свети Николе, а вкупната моќност на паркот изнесува 35 мегавати. Компанијата е во сопственост на Б Н Б – КОМПАНИ ДОО експорт-импорт Скопје и Грин фор Гроутх Фонд, Југоисточна Европа СА, СИЦАВ-СИФ, Луксембург.
Пред два месеци започна изградбата на најголемиоот ветерен парк во земјата на 326 хектари на инвестицискиот фонд на Алказар. Според најавите, инвестицијата ќе изнесува половина милијарда евра за 55 ветерници на теритријата на Штип, Карбинци и Радовиш.
Во моментов се разгледуваат и други проекти за изградба на ветерни централи на територијата на земјата. Освен со тоа дека придонесуваат за стабилно произвдство на струја, од државата нема други јасни аргументи за тоа кои се бенефитите што ги добиваме од овој тип на инвестиции кои ги искористуваат домашните ресурси.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




