УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ГО ЗАБРАНИ „ТИК ТОК“: Потикнувал верска омраза
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2023 13:25
Уште една земја воведе забрана за употреба на социјалната мрежа „Тик Ток“ поради, како што посочуваат „нарушување на социјалната хармонија и нарушување на семејните структури“.
Имено, забрана за користење „Тик Ток“ воведува и Непал.
Непалските власти рекоа дека TikTok има содржини што поттикнуваат верска омраза, насилство и сексуална злоупотреба и довеле до конфликти во реалниот живот.
Како што пренесува The Economist, ваквиот потег дојде откако Владата на Непал им нареди на компаниите кои управуваат со глобалните платформи за социјално вмрежување да основаат локални канцеларии во земјата.
Непалските власти рекоа дека TikTok содржи содржини што поттикнуваат верска омраза, насилство и сексуална злоупотреба и доведоа до конфликти во реалниот живот кои бараа вклучување на органите за спроведување на законот и воведување полициски час.
Нема коментар од матичната компанија
ByteDance, кинеската матична компанија на TikTok, не го коментираше случајот, но претходно таквите забрани ги нарече „погрешни“.
TikTok е забранет во Индија од 2020 година, а апликацијата предизвикува загриженост и во САД, Европската унија и Канада поради наводно споделување чувствителни податоци на корисниците со кинеската влада, пренесува Танјуг.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




