17 Мај, 2024
0.0265

Уште една земја се откажува од зимското сметање на времето

Објавено во: Свет 27 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Одлука целосно да прекине да го користи зимското сметање на времето донесе Мароко. 

Во оваа земја преку целата година ќе функционираат според летното сметање на времето.

Одлуката е донесена два дена пред поместувањето на часовникот за еден час наназад, според зимското сметање на времето, пренесе Би-Би-Си.

Во 3 часот ноќеска завршува летното сметање на времето и почнува зимското, при што со поместување на часовникот за еден час наназад времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот.

Стрелките вечерва ќе се поместат и во земјите на Европската Унија која што неодамна усвои одлука да се укине промената на времето.

Додавањето на еден час дневна светлина попладне генерално им оди во прилог на продавниците, спортските активности, земјоделството и други дејности кои се поврзани со дневна светлина. Покрај тоа, продолжувањето на попладневната дневна светлина изгледа го намалува бројот на жртви од сообраќајни незгоди. Во САД пресметале дека летното сметање на времето заштедува 1% од потрошувачката на нафта.

Од друга страна, поместувањето на часовниците го комплицира одржувањето на сатницата, и може да ги поремети состаноците, возните редови, медицинските уреди, наплатата на разни услуги, итн. Особен хаос се создавал во минатото поради неконзистентности помеѓу државите во сметањето на времето.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра