29 Септември, 2024
0.0258

УШТЕ КОЛКУ ЌЕ ЧЕКА ЈАВНОСТА - на веб страницата на ДКСК уште ги нема имотните состојби на Арсовска и Јакимовски

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Иако локалните избори завршија на 31 октомври, и најдоцна после 30 дена, односно на крајот на ноември, на веб страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата требаше да осамнат имотните состојби на новите градоначалници и советници, нив се уште ги нема, иако веќе влеговме во втората половина на декември.

Како што неодамна за Фактор објаснија антикорупционерите, кај нив стигнале голем број пријави за имотната состојба и технички не можело да се постигне сите да се впишат во нивните анкетни листови и да бдат јавно објавени. 

Од Државната комисија за спречување на корупцијата неодамна за Фактор изјавија дека имаат полни раце работа. Во оваа институција по локалните избори стигнале податоци за имотната состојба на над 5.000 функционери, и тоа и поранешни, на кои им завршил мандатот, но и на нови, на кои допрва им стартува.

Претседателката на антикорупципонерите, Билјана Ивановска тогаш изјави дека имаат наплив од податоци и документи во Антикорупциската комисија, и тоа главно за имотната состојба на новоизбраните градоначалници и советници, но и за оние на кои им завршил градоначалничкиот мандат.

Како што е познато, согласно законските прописи, новите градоначалници и советници имаа рок од 30 дена за да ги испратат податоците за својата имотна состојба до ДКСК, и тоа од официјалното стапување на функцијата, или конкретно за градоначалниците, тогаш кога го добиле решението од Државната изборна комисија.

Вториот круг од изборите заврши на 31 октомври, што значи дека тие 30 дена веќе одамна поминале, но, новите бројки се уште не се објавени на веб страницата на ДИК.

Па така на пример, се уште не може да се види имотната состојба на новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, на пример, или на новиот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кои со нетрпение се очекуваат во јавнота.

„Токму поради големиот број пријави кои овие денови стигнаа до ДКСК, иако службите постојано работат, не може да се постигне да се внесат сите податоци во анкетните листови“, објасни тогаш претседателката на ДКСК.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна