Уште најлесно се кршат работничките права: Над 80.000 поплаки за неисплатени плати и откази
Објавено во: Економија 24 Април, 2021 09:02
Или се неисплатени плати или откази без постапки, дури 80.000 поплаки за прекршување на работничките права пристигнале на адресата на Сојузот на синдикати, потврдуваат оттаму. Првиот човек на ССМ Дарко Димовски вели дека кај повеќето имало некоја интервенција и контакт со инвеститорот. Има поплаки и за исплата на плати под минималецот
„Некои не послушаа, поведовме дури и судски постапки, а за останатите се обративме до Државниот инспекторат за труд. Се постапува, редовно не известуваат, добиваме каде се врачени решенија и каде се исплатени глоби. Најголем дел од работниците со тие решенија се вратени на работа, онаму каде што не се вратени ССМ им овозможува бесплатна правна помош, ги застапува пред судовите за да докажат дека им се нарушени тие работнички права.“ изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ.
Во периодот од јануари и март 2021 година, Државниот инспекторат за труд направил 3.738 надзори по претстваки пријавени од граѓани кои што сметаат дека им е повредено одредено право од работен однос или право од заштита и безбедност при работа. Покрај овие вонредни надзори, има 541 контолен надзор, и 267 редовни надзори.
Државниот инспекторат за труд и Сојузот на синдикатите на Македонија, подржани од Меѓународната организација за труд и Европската Унија, во изминатиот период работеле на креирање на апликација преку која граѓаните на брз и едноставен начин, преку своите мобилни телефони ќе добијат директна информација за своите права, и можност за пријавување случаи кога се прекршуваат законите. Станува збор за мобилна апликација.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




