УШТЕ НЕ ПОЧНАТА, ПРОПАЃА СЕЗОНАТА? Летувањето во Црна Гора поскапо за 30 проценти- капацитетите скоро празни
Објавено во: Економија 25 Мај, 2023 07:19
Владата со месеци најавува рекордна туристичка сезона. Никогаш повеќе туристи во предсезоната, велат оттаму, а сепак, во Здружението на издавачи на приватно сместување, не го делат овој оптимизам.
Како што велат, за резервација за летниот шпиц сѐ уште е рано, становите, собите и апартманите во моментов се празни, а поради инфлацијата и сè што таа влече, цените мораа да се зголемат до 30 проценти, па затоа останува да се види што сѐ ќе влијае на успехот во сезоната.
Од Здружението велат дека капацитетите во моментов се скоро празни. Според претседателот на Здружението на Бранко Џогановиќ, главната причина е што хотелите во предсезоната се со цени скоро во истиот ранг со прицатното сместување, а гостите во тој случај се одлучуваат за хотел. Различна ќе биде ситуацијата, вели тој, кога во шпицот на сезоната хотелите ќе ги зголемат цените на неговите услуги.
„Сè уште не знаеме што можеме да очекуваме од ова лето, но не сме многу сигурни. Приватните понудувачи на сместување сѐ уште се погодени од пандемијата, а сега имаме ситуација со рекордна инфлација и ние сме принудени да ги зголемуваме цените. Апартманите ќе бидат поскапи ова лето за 10 до 30 проценти во споредба со лани “, изјави тој.
Тековните цени на становите се движат околу 25-30 евра, а во наредните три месеци ќе бидат двојно повеќе.
Хотелиерите информираат дека ги покачиле цените за 10 проценти, и не можат да ги качат повеќе, бидејќи веќе имаат резервации по тие цени.
Според податоците, Будва, каде има околу 140 хотели, во главната туристичка сезона, просечната цена по лице во хотел со три sвезди ќе биде од 28 до 46 евра, а во категориите со повеќе ѕвезди од 37 до 140 евра. Ноќевање со појадок во хотели со пет sвезди ќе чинат 160 до 270 евра по човек.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




