УШТЕ ПОБОГАТИ- Расте куповната моќ во оваа земја…
Објавено во: Економија, Свет 25 Август, 2016 10:24
Куповната моќ на Австријците пораснала.
Минатата година секој Австриец имал 277 евра повеќе во однос на претходната година или вкупно 20.646 евра.
Ако се земе во обзир инфлацијата тоа е за 9 евра месечно повеќе, покажува анализата на „RegioData" за куповна моќ.
Во споредба со другите европски земји, Австрија од 6 паднала на 8 место, а неа ја претекнаа Данска и Исланд.
На самиот врв е Швајцарија, која поради зајакнувањето на франкот се позиционираше пред Луксембург.
Просечната куповна моќ на Швајцарците е 39.000 евра, а на жителите на Луксембург е 33.000 евра.
Од покраините во Австрија, прва е Салцбург со куповна моќ од 21.378 евра.
Во Виена граѓаните имале куповна моќ од 20.908 евра, а тоа значи дека кај нив состојбата е иста како лани.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




