17 Мај, 2024
0.0382

УШТЕ ПОГОЛЕМ ПАД НА ПРОИЗВОДСТВОТО, ПРОМЕТОТ И ИЗВОЗОТ ВО АПРИЛ - фирмите со лоши очекувања

Објавено во: Економија 21 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Компаниите во земјава очекуваат да се зголеми падот на производството, на прометот и на извозот во април годинава, покажува анкетата на Стопанската комора на Македонија. 

Во периодот од 7 до 14 април 2020 година, комората спровела втора анкета за последиците од кризата предизвикана од корона вирусот за македонската економија и очекуваните ефекти од економските мерки на Владата. 

Оваа анкета имаше за цел да овозможи увид во регистрираните последици за компаниите-членки на Комората во март и очекувањата за април 2020 година.

Анкетата вклучува одговори на компании што минатата година заедно имале вкупни приходи од 94,4 милијарди денари или 1,53 милијарди евра. Според бројот на вработени, од анкетираните фирми, 21 отсто се микро, 25 проценти се мали, 29 отсто се средни и 25 проценти се големи фирми. Или, речиси подеднаквата застапеност на сите сегменти на претпријатија според нивната големина обезбедува дополнителна објективност и репрезентативност на анкетата.

Во однос на дејноста на анкетираните фирми, повеќе од половина, или 53 отсто се од преработувачката индустрија и градежништвото, каде што на преработувачката индустрија отпаѓаат 36 отсто а на градежништвото 17 проценти. Релативно значајно учество имаат и претпријатијата со објекти за сместување и сервисни дејности со храна, како и трговските претпријатија.

Најголем дел од анкетираните претпријатија, 17 отсто се од Општина Центар, 10 проценти се од Прилеп, 7 отсто се од Гази Баба, по 6 проценти од Илинден, од Битола и од Куманово, 4 отсто од Тетово, итн. 

Дури 79 проценти од анкетираните претпријатија работат повеќе од 10 години.

„Анкетата обезбеди одговори на повеќе прашања. Денес ќе презентираме некои од нив, а дел ќе бидат презентирани во утрешното обраќање“, велат од комората.

Во однос на суровините, 54 отсто од анкетираните фирми немаат недостаток или прекин на достава на суровини. Преостанатите имаат проблем, и тоа: 26 отсто имаат прекин за достава од ЕУ, 11 отсто прекин за достава од земји вон ЕУ и 9 проценти прекин за достава од земјата.

Што се однесува до залихите, 18 отсто од анкетираните фирми немаат никакви залихи, а 58 проценти од претпријатијата ќе ги исцрпат постојните залихи во првите два месеца од кризата. Ваквото ниво на залихи, комбинирано со недостатокот или прекинот на достава на суровини, укажуваат на потенцијално зголемени проблеми за претпријатијата по истекот на првите два месеца од кризата.

Во однос на производството, извозот, увозот и прометот, анкетата се однесува на согледаната состојбата за март 2020 година и очекувањата за април 2020 година.

Кај обемот на производство, во март 2020 година, 16 отсто од анкетираните фирми пријавиле дека производството се одвивало нормално, но за април такво нешто очекуваат само 7 проценти.  

Пад на производството поголем од 50 отсто за март пријавиле 17 проценти од анкетираните, но за април таков пад очекуваат 23 отсто од фирмите. Целосен престанок на производството во март пријавиле 13 отсто, а такво нешто во април очекуваат 23 проценти од анкетираните фирми. Сите други фирми очекуваат, со релативно рамномерен распоред на големината на падот, намалување на производството до 50 проценти. Сето ова покажува дека за април компаниите очекуваат значително влошување на состојбите во поглед на обемот на производството.

Состојбите се слични и кај извозот. За март, 40 отсто од анкетираните претпријатија пријавиле дека извозот се одвива нормално, а такво нешто за април очекуваат 34 отсто.  Пад на извозот над 50 проценти за март пријавиле 13 отсто од фирмите, а очекувања за ваков пад во април имаат 15 отсто од фирмите. Целосен престанок на извозните активности во март пријавиле 16 проценти, а во април 2020 година тоа го очекуваат 22 отсто од анкетираните фирми. 

Сличен е трендот и кај увозот. Нормално одвивање на увозните активности за март пријавиле 32 отсто, додека за април тоа го очекуваат 29 проценти од анкетираните фирми. Пад на увозот за повеќе од 50 проценти во март регистрирале 10 отсто од фирмите, а такво нешто за април очекуваат 13 отсто од фирмите. Целосен прекин на увозната активност за март пријавиле 15 проценти од анкетираните фирми, но веќе 21 отсто од нив тоа го очекуваат за април 2020 година. 

Што се однесува до движењето на прометот, за март 2020 година вообичаено ниво на промет пријавиле 16 отсто од анкетираните фирми, 13 проценти од нив  пријавиле пад од 41 до 50 проценти, а 25 отсто од фирмите пријавиле пад на прометот поголем од 50 проценти. Анкетата укажува на песимистички очекувања за прометот во април 2020 година. Така, само 4 отсто од анкетираните фирми очекуваат нормален обем на промет, 10 отсто од фирмите очекуваат пад од 41 до 50 отсто, а дури 48 отсто од фирмите очекуваат пад на прометот поголем од 50 проценти.

Влошените очекувања за април, искажани од страна на фирмите во анкетата на Стопанската комора на Македонија, добија своја генерална потврда од јавно искажаните наоди на Управата за јавни приходи во однос на падот во наплатата на данокот на додадена вредност во првите две недели на април.

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи