Уште повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка

Објавено во: Мои пари 01 Јуни, 2023
- Во промотивниот период до 30.09.2023, Комерцијална банка ги зголеми основните фиксни каматни стапки на денарските депозити до 3,10%, а на депозитите во евра до 2,10%. Стимулативните каматни стапки за поголеми влогови достигнуваат и до 4,70% за денарски и до 3,60% за депозити во евра.
Повисоките каматни стапки за штедење во Комерцијална банка обезбедуваат поголеми приноси и растат како што расте заштедата:
· За денарски депозити орочени на 36 месеци каматни стапки од 3,10% до 4,70%, во зависност од висината на орочениот износ.
· За депозити во евра орочени на 36 месеци каматни стапки од 2,10% до 3,60%, во зависност од висината на орочениот износ.
· За денарски депозити орочени на 24 месеци каматни стапки од 2,30% до 3,90%, во зависност од висината на орочениот износ.
· За депозити во евра орочени на 24 месеци каматни стапки од 1,50% до 3,00%, во зависност од висината на орочениот износ.
Штедењето во Комерцијална банка, која е столбот на довербата на граѓаните во земјава, овозможува и редица други бенефиции - онлајн орочување на веќе отворени штедни депозити за активни корисници на Интернет банка, штедење без книшка, односно со целосно дигитална евиденција преку Интернет банка и мБанка, како и поддршка и совети од вработените за најдобри одлуки на клиентите.
Новите каматни стапки се достапни на следните линкови: денарски и девизни.
За сите подетални информации на располагање на клиентите им стојат и нашите тимови во најблиската експозитура или на маил: stedenje@kb.mk.
ПР ОбјаваМожеби ќе ве интересира
Клиниката Жан Митрев останува со старата сопственичка структура, преговорите за стратешки партнер не завршија со договор

„МАКЕДОНИЈА2025“ И ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ ОД САД ЌЕ ДОДЕЛАТ 40 СТИПЕНДИИ НА ТАЛЕНТИРАНИ СТУДЕНТИ

Колективна визија на македонските индустрии: 18 компании склучија партнерство за развој на кадрите

„Макпетрол“: потребно е заедно да кренеме глас против булингот

АНЃУШЕВ: ЧЕСТИТКИ ЗА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАЛТА

„Реплек“ уште еднаш се здоби со сертификатот за највисоки производни стандарди на Европската Унија

Пет општини ќе се справуваат со загадувањето на воздухот со помош на Шведска и УНДП
Одржани две книжевни средби со писателите Драго Јанчар и Даница Вукиќевиќ во „Литература.мк“
