02 Мај, 2024
0.0232

Услови за кредитирање: ниски камати-тешки хипотеки

Објавено во: Анализа 14 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Каматите се атрактивни, но условите за добивање на кредитите се рестриктивни. Дел од бизнис заедницата за “Фактор“ ја анализира и оценува достапноста и искористеноста на расположливите кредитни линии во ситуација кога пристапот до “свежи и ефтини“ пари сеуште е тежок . Од Кластерот за текстил велат – иако кредитната линија од Европоската Инвестициска Банка се оценува како поволна, во споредба со другите земји од регионот, условите во Македонија се поригорозни. “Новата транша од ЕИБ доколку ја анализираме од аспект на висина на каматната стапка од 5.5% на годишно ниво е доста поволна но во однос на роковите за враќање е неповолена. Така рокот за отплата на кредитот е 8 години за опрема и градежни објекти и 3 години за репроматеријали со вклучени грејс период . Во разговори со релевантни фактори ни е пренесено дека тоа се условите под кои е пласирана траншата во земјава, за разлика од Хрватска каде периодот за отплата е до 14 години со вклучен грејс - период и до 3 години и каматна стапка од 4%. “, вели Маријана Перковска, бизнисмен и прв човек на Кластерот за текстил. Од кризната 2009 та година до сега, Европската Инвестициска Банка одобри вкупнен кредитен пакет за Македонија во вредност од 250 милиони евра. Интересот и искористеноста на кредитите е голем. Ова го потврдуваат и од Сојузот на Стопански Комори. “Кредитите од Европската Инвестициска Банка кои имаат субвенционирана каматна стапка од страна на Владата на Македонија се поволни, затоа што за крајниот корисник се нуди фиксна каматна стапка од 5,5 проценти и рок на отплата од 8 години. Кредитите од оваа линија се најповолни за компаниите. Критериумите за кредитирање ги одредува секоја банка посебно согласно својата политики, што ние го оценуваме како добар концепт бидејќи овозможува средствата да бидат пласирани таму каде има и сигурен поврат“ - вели за „Фактор“ бизнисменот и потпретседателот на Сојузот на Стопански Комори, Мирче Чекреџи. Каматните стапки што се нудат преку кредитните траши на ЕИБ, но и преку другите извори што нудата ефтини кредити, се различни во зависност од бизнис – профилот на компанијата и од намената на средствата : -Инвестициски кредити за малите и средни претпријатија - камата 5,5%. -Кредити за откуп, преработка и извоз на земјоделски производи – камата 3%. -Кредит од земјоделскиот Кредитен Дисконтен Фонд (ЗКДФ) – камата 4% -Кредит за поддршка на извозот – камата 6% -Кредитната линија од Посебниот Кредитен Фонд – камата до 8%. За дел од бизнисмените, клучниот услов што го кочи кредитирањето не е висината на каматите туку - хипотеките. “Голем проблем е исто така хипотекарното обезбедување кое е доста високо , и со тоа се намалува кредитната способност на фирмите. Како пандан на ова е Гарантниот фонд на МБОР кој во пракса сеуште тешко функционира, односно некои банки кои не го прифакаат како обезбедување. Како текстилен кластер сме го поставиле прашањето зашто ако физичко лице купи стан може да добие кредит и до 20 години, а како правен субјект само 8 години или ако имате добри односи со банката едвај ќе ви дозволат 10години рок на отплата? - прашува Перковска. Од Сојузот на стопански комори оценуваат дека во состојба на криза, кога банките водат претпазливи и селективни кредитни политики, понудата од ЕИБ сепак помогнала на приватниот секотор но и придонела за промена на каматната политика што ја водат комерцијалните банки. “Кредитите овозможија многу компании да дојдат до свежи пари но во исто време влијаеа и на висината на каматните стапки на кредитниот пазар. Благодарение на овие кредити, каматите на останатите кредити што ги нудат деловните банки се намалија од 9% на 7%“ - констатираат од Сојузот на стопански Комори. БЕЗ “СВЕЖИ ПАРИ“ - НЕМА ИНВЕСТИЦИИ Најголем дел од кредитната понуда на Европската Инвестициска Банка се однесува за подршка на инвестициски циклуси. Така од 75% до 90% од траншите на кредитните линии се наменети за подршка на инвестиции, додека помал дел за обртни средства. Во состојба кога приватниот сектор не само што не може да дојде до свежи пари, туку сопстевните дпозити во банките ги троши за тековни потреби и поткрепа на ликвидноста, бизнисмените оценуваат дека непоходноста од поволни инвестициски кредити е огромна. “Излезот за текстилот е токму во поволното финасирање во делот на модернизација, односно автоматизација на машинскиот парк и неговото опслужување со квалитетна работна сила и квалитетни суровини. За да се случи ова потребни се прифатливи финасиски извори адаптирани за наши услови“ - оценува Маријана Перковска од Кластерот за текстилна индустрија. Токму текстилната индустрија, заедно се металскиот сектор најавија преполовување на производството и откази поради влошување на финасиската состојба. Овој месец Македонија треба да ја повлече петтата транша од кредитната линија (III) од Европската Инвестициска Банка. Станува збор за транша која е дел од кредтниот пакет наменет за подршка на малите и средни претпријатија во вкупна вредност од 100 милиони евра. Банкарите најавија можно засилено кредитирање на приватниот сектор од сопствени извори, но предочија дека ризиците сеуште се присутни. На ниво на целиот банкарски сектор, НБРМ за годинава прокетираше раст од околку 8 проценти а гувернерот Димитар Богов изјави дека оваа стапка очекува да се оствари.