УСПЕШЕН АГРОБИЗНИС: Струмичанец одгледува органски јагоди, работа има, но има и профит!
Објавено во: Агробизнис 03 Април, 2017 08:00
Дека органски произведената храна се бара и е добро платена, потврдува и Бранко Атанасов од Струмица, дипломиран земјоделски инженер, повеќегодишен сертифициран органски производител на овошје.
Атанасов е фокусиран пред сè на прозиводство на органски јагоди. Вели дека органското производство бара многу труд и грижа, но му помагаат блиските. Тој е потпретседател и еден од оснивачите на локалното здружение на производители на органски производи „Органо-погистик“ и сертифициран советник за органско производство.

Атанасов раскажува дека со органското производство се занимава уште од почетоците на развојот на органското производство во Македонија, а многу поинтензивно тоа го прави во последниве години. Во неговата органска фарма која се наоѓа на 7 километри од градот имаат застапено повеќе видови на овошки, од кои најголем дел заземаат јагодите во пластеници и малините, секои од нив засадени на околу 700 м2.

„Јас сум вработен во тераписката заедница „Покров“ која е рехабилитациона програма за одвикнување од зависности и на чии површини, и исто така практикуваме органско производство. Ми помага сопругата која исто така е вработена, како и родителите кои скоро цела година престојуват на фармата. Органското производство е трудоинтензивно, па секоја помош е повеќе од добредојдена. Досега не сум имал проблем околу пласманот на сите производи, дури е евидентен и недостаток и зголемена побарувачка на истите. Сето производство го пласирам во Скопје кај Прва кооператива на потрошувачи на органска храна „Наша добра земја“, со која имам одлична соработка. Сертифицираните органски производи се многу поквалитетни од конвенционалните, не содржат резидуи од хемиски препарати и ѓубрива бидејќи се одгледуват на природен начин и со природни препарати за заштита и исхрана. Затоа и нивната цена е повисока и во зависност од културата и пазарните текови, се движи од 30-80% , а со тоа и заработувачката е поголема“ - вели Атанасов.

Раскажува дека порано било многу потешко органски да се произведува храна бидејќи користеле ѓубрива и средства за заштита кои сами ги подготвувале.
„Сега веќе на пазарот сè повеќе има достапни средства за заштита и исхрана кои исто така од соодветни тела се сертифицирани за употреба во органското производство. Јас проблемите би ги идентификувал во сè уште недоволната едукација на производителите околу справувањето со потенцијалните или настанатите проблеми и нивно решавање. Затоа обавуваме обуки каде го спојуваме теоретското и практичното и споделуваме искуства како би можеле да ги превенираат или надминат проблемите“ - додава тој.

Атанасов ги охрабрува производителите барем еден дел од своите површини да ги преориентират во органски и да направат споредба со конвенционалните. Објаснува дека ако можат јаболката и јагодите кои на некој начин се синоним за третирано овошје да бидат органски произведени, тогаш би можеле и другите култури.
Сања Атанасовска
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





