Успешно оперирано новороденче со ретка аномалија на хранопроводот
Објавено во: Стил 22 Февруари, 2019 08:06
Само два дена по раѓањето, среќните родителски мигови од доаѓањето на свет на нивното дете ги заменила агонијата дека новороденчето мора да помине низ сериозен хируршки зафат. На дете родено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, 48 часа по раѓањето му е откриен редок тип аномалија на хранопроводот. Тоа што во светот го има едно на 3.000 деца, било детектирано токму кај ова новороденче. Станува збор за отсуство на континуитетот на хранопроводот, ургентна состојба што морало брзо хируршки да се реши оти била и животно-загрозувачка. Докторите забележале дека кај бебето плунката практично се слева надвор затоа што, како што увиделе, горниот дел на хранопроводот завршува слепо, а долниот дел комуницира со трахеата. Во нормални случаи, хранопроводот продолжува во желудникот. Овој наш херој е опериран, со добра општа здравствена состојба и веќе се наоѓа во својот дом.
Педијатарот Д-р Станка Танчева-Крстевска емотивно раскажува за случајот. Среќна е што веднаш по интервенцијата малиот почнал да се храни преку уста.
Целата приказна читајте ја на Женски магазин, тука.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





