18 Мај, 2024
0.0281

Усвоен мини-ребалансот на буџетот

Објавено во: Економија 26 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

На синоќешната седница на Владата е усвоен  ребалансот на Буџетот и истиот е доставен до Собранието на Република Македонија. Според министерот Ставревски станува збор за мини-ребаланс кој изнесува околу 2 отсто од вкупните приходи и расходи.

 - Причината е да се усогласи динамиката на расходи која е подобра од предвидувањата посебно во делот на инфраструктурата со динамиката на приходната страна. Со ребалансот обезбедивме дополнителни средства за реализација на одредени инфраструктурни проекти, вели Ставрески.

Тој посочи дека за разлика од некои земји, од Србија и Португалија кои ја намалија платата за 10 проценти, во Македонија не само што ќе нема намалување на платите и пензиите, туку напротив октомвриската плата на јавната администрација ќе и биде зголемена за 5 проценти како што беше најавено, а по Нова година ќе следи и зголемување на пензиите.

Буџетскиот дефицит со ребалансот ќе оствари благо зголемување од 3,5 на 3,9 отсто од БДП.

- Тој простор ќе го искористиме за дополнителни средства од милијарда и 43 милиони денари за поинтензивна градба на Коридорот 10. Таму градбата оди добро и сакаме годинава да се дозавршат работите побрзо, затоа обезбедуваме дополнителни средства, изјави Ставрески дополнувајќи дека ќе има и дополнителни средства во делот на социјалните примања.

Кратењата се рамномерни во делот на стоки и услуги на трансфери и на капитални расходи, при што рамномерен е износот на намалување на сите позиции и кај сите буџетски институции.

-Со овој мини ребаланс ќе успееме да останеме во зоната на фискална стабилност и да обезбедиме непречено реализирање на сите проекти на Владата на РМ. Со тоа ќе обезбедиме долгорочна макроекономска стабилност и реализација на поголем екононски раст кој годинава очекуваме да биде над 3,5 отсто - вели министерот Ставрески.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа