17 Јануари, 2025
0.0908

Утре или задутре ќе се знае за новата цена на струјата

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика утре или задутре веќе треба да излезе со прелиминарните пресметки за нова цена на електричната енергија. Не е исклучена можноста до крајот на неделава да се одржи и подготвителна седница на која ќе се разгледуваат трошоците кои енергетските компании во земјава веќе ги доставија до регулаторот.   Според информациите до кои дојде „Фактор“, можно е утре или задутре регулаторите да пресечат околу новата цена на електричната енергија. Едно е сугурно од први јули ќе има корекција на цената на струјата, но сеуште не се знае дали таа ќе биде повисока или пониска од сегашната. Извори за „Фактор“ велат дека пресметките се прават во досега невидена атмосфера, речиси никој освен дел од членовите немаат пристап при пресметувањето на трошоците. Сеуште не се знае каква ќе биде одлуката на регулаторите, иако „Дневник“ објави дека ќе има надолна корекција од 5,2%. При одлучувањето ќе биде земено в предвид буквално се Првиот човек на регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров неодамна само информираше дека државните енергетски компании ЕЛЕМ и МЕПСО, како и австриски ЕВН ги доставиле трошоците за нивното работење. Регулаторот посочи дека енергетските компании побарале зголемување на цената на електричната енергија. Фактор веќе објави дека единствено МЕПСО побарал зголемување на цената за пренос од 10%, но според нашите извори се очекува ваквото барање за корегирање на цената на пренос да не влијае врз цената на електричната енергија за домаќинствата. „ Едно е тие што бараат и што сметаат дека како трошок треба да им се признае и да се пресмета во цената, а друго е што од тоа ние ќе признаеме“, изјави Петров, кој најави дека при утврдувањето на цената на струјата ќе биде земено предвид дека во ланскиот пресметковен период, за разлика од претходната година, имавме намалена потрошувачка на струјата и помал увоз, како и тоа дека цените на струјата на светските берзи беа исклучително ниски. И. М

Можеби ќе ве интересира

БИТИЌИ: Јавниот долг веќе изнесува 70 проценти од БДП

БИТИЌИ: Јавниот долг веќе изнесува 70 проценти од БДП

ПЕНЗИИ ПОНИСКИ ОД 500 ЕВРА: Колку Хрвати живеат со толку мал износ?

ПЕНЗИИ ПОНИСКИ ОД 500 ЕВРА: Колку Хрвати живеат со толку мал износ?

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ СРЕЌНА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ: Николоски најавува деветта авиолинија, но не сакаше да открија со која држава

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ СРЕЌНА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ: Николоски најавува деветта авиолинија, но не сакаше да открија со која држава

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата

АКЦИИТЕ НА DUOLINGO СКОКНАА ЗА 7 ОТСТО ПРЕД ЕВЕНТУАЛНАТА ЗАБРАНА НА TIKTOK ВO САД: Сè повеќе луѓе сакаат да учат мандарински

АКЦИИТЕ НА DUOLINGO СКОКНАА ЗА 7 ОТСТО ПРЕД ЕВЕНТУАЛНАТА ЗАБРАНА НА TIKTOK ВO САД: Сè повеќе луѓе сакаат да учат мандарински

СТРУМИЦА ДОБИ ЕЛЕКТРИЧЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ: За 30 денари струмичани можат да стасаат каде сакаат во градот

СТРУМИЦА ДОБИ ЕЛЕКТРИЧЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ: За 30 денари струмичани можат да стасаат каде сакаат во градот

„ДАЛЕКУ СМЕ ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ, НО ПАРИ ИМА“: Д-р. Митов во Бизнис муабети открива детали за бизнисот - меѓу клиентите и големи брендови

„ДАЛЕКУ СМЕ ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ, НО ПАРИ ИМА“: Д-р. Митов во Бизнис муабети открива детали за бизнисот - меѓу клиентите и големи брендови

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан