05 Мај, 2024
0.0271

УТРИНСКИ ФОКУС: МВР со детали за инцидентот во Волино - Тајфун го погоди Токио

Објавено во: Македонија 09 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

* МВР со детали и причините за инцидентот во Волино

Според Министерството за внатрешни работи до инцидентот во Волино, вчера дошло поради незадоволство од одлука на судија.

Во соопштението на МВР во кое се наведуваат причините и деталите за инцидентот, се наведува дека околу 17 часот, четириесет и седум годишно лице од селото Волино поради незадовослство на одлуката на судиите, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК Сатеска и ФК Црно Буки, влегло на теренот со цел да ги нападне судиите.   Полицијата интервенирала, но при приведување на лицето, истото пружило отпор, но исто така и при вршење на полициската должност, односно при преведувањето на игралиштето и при транспортот, полицијата била попречена во извршување од седум лица, кои исто така биле од Волино.

* (ВИДЕО)Тајфун го погоди Токио: Откажани летови, милиони се без струја, има и загинати

Едно лице загина, а десетици се повредени кога моќен тајфун утрово ја погоди областа Токио, предизвикувајќи повеќе од 100 летови да бидат откажани.
Исто така, еден милион домаќинствасе без електрична енергија.
Тајфунот „Факсаи“, кој утрово го погоди крајбрежниот град Чиба, со себе донесе големи врнежи од дожд и ветрови од 190 километри на час, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Невремето се пресели над Токио и го „парализираше сообраќајот“, пренесува Си-Ен-Ен.

* Штрајкуваат пилотите на „Бритиш ервејс“: Речиси сите летови се откажани

„Бритиш ервејс“ објави дека ги откажала скоро сите летови кон Велика Британија на првиот ден од штрајкот на пилотите.
„Немаме друг избор освен да откажеме скоро 100 проценти од летовите“, соопштија од администрацијата на британскиот ерлајнс.
Штрајкот може да погоди десетици илјади патници бидејќи компанијата обезбедува околу 850 летови дневно во Велика Британија, при што повеќето заминуваат од лондонските аеродроми Хитроу и Гетвик.
  „Бритиш ервејс“ се соочува со пилотски ѓтрајк откако минатата недела одби да ги продолжи преговорите со синдикатот „Балпа“.

* Американскиот специјален претставник Палмер денес во Црна Гора

Новоименуваниот специјален претставник на САД во Западен Балкан Метју Палмер денес ќе ја посети Црна Гора.Се очекува Палмер да се сретне со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, пренесува РТЦГ.
По разговорите меѓу Ѓукановиќ и Палмер, ќе се издаде соопштение за јавноста, соопшти црногорското претседателство.

* И Помпео со честитка за Денот на независноста

„Во име на Владата на САД и американскиот народ, упатувам честитки на народот во Република Северна Македонија по повод 28 години независност“ пишува во честитката американскиот државен секретар, Мајк Помпео а соопшти Стејт департментот.

Помпео во честитиката истакнува и дека ги поддржува настојувањата на Северна Македонија да се приклучи кон НАТО и ЕУ.

„Вашата постојана посветеност на демократските принципи и владеење на правото придонесуваат не само на иднината на Република Северна Македонија, туку и мирот и безбедноста во регионот. Се радуваме што ќе ве дочекаме вас како 30. членка на НАТО“, наведува Помпео.




Можеби ќе ве интересира

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица