19 Мај, 2024
0.0304

УТРИНСКИ ФОКУС: Случајот со затворената „Македонска банка“ се шири

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Вести во фокусот на Фактор ова утро....

Која банка ги зголеми приходите од камати за 15 отсто

УНИ Банка бележи солидни растови на приходите од камати, нето приходите од камати и на приходите од провизии и надоместоци. Сепак добивката на полугодие е пониска од профитот во истиот период лани заради зголеменото ниво на резервации и големиот раст на трошоците за вработените. Кредитните пласмани пораснале за 7 отсто односно за 15,4 милиони евра за шест месеци

*

Затворената „Македонска банка“ наплаќа камати и на затворени кредити: Случајот се шири

Случајот со наплата на старите кредити од „Македонска банка“ која не постои 12 години се шири. Но не им се бараат кредитите со камати за сите години до сега, само на тие што уплаќале, туку и на тие што се раздолжиле. Граѓанин од Кичево вели дека деновиве неговиот татко не можел да си купи леб затоа што картичката му била блокирана од извршител. За долг кон затворената Македонска банка кој во два наврати веќе го платил, сега пак се активирала извршна пријава за нови камати. Овој клиент вели дека кредитот е покриен, а за тоа поседуваат и уплатници и комплетна документација.

*

РЕКА СЕ ПРАЗНИ: Печалбарска Жировница само 4 првачиња, а Велебрдо и Јанче немаат првоодделенци

Во селото Жировница во Општина Марово Ростуше кое има околу 1.000 постојани жители, а исто толку или дури и повеќе се на работа во странство, годинава се запишани само 4 првачиња.

Овој тренд ги загрижува мештаните, посебно постарите кои ги паметат седумдесеттите години кога во една генерација имало по 50 или 60 деца. Илбер Имероски, одговорен за образование во Општината Марово Ростуше вели дека дополнително можно е во текот на учебната година бројот на првачиња да се намали, затоа што едно до две деца најверојатно ќе заминат кај родителите во странство.

*

Новата министерка Нина Ангеловска седна во министерската фотелја

Новата министерка за финансии Нина Ангеловска денеска го презема управувањето со Министерството за финансии.


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“