07 Октомври, 2024
0.0291

„Македонска банка“ 12 години им пресметувала камати на должниците, сега ги бара со извршители

Објавено во: Економија 29 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Над 3.500 извршни решенија за наплата на стари кредити пратила Македонска банка до свои клиенти. Иако не постои 12 години, банката која со решение ја затвори Народната банка сега им бара на нејзините должници да ги вратат кредитите и тоа со камати за сите изминати години до сега. Луѓе кои добиле вакво решение велат за Фактор дека се изненадени од испратените извршни решенија и дека поради долгиот период во кој никој не им се обратил сега треба да плаќаат камати кои кај повеќето се поголеми и од основниот долг.

„Јас имав кредит од кој имаше преостанато за враќање околу 1.000 евра. Сега вкупниот долг кој треба да го вратам со камата изнесува 3.500 евра. Адвокатот вели дека долгот мора да се врати инаку сметката ќе се блокира. Револтирана сум затоа што банката ја затвори државата, немавме каде да уплаќаме, немаше сметка, а сега морам да плаќам се со камата. Ми доаѓа да тужам, вели скопјанката З. С.

Според информациите од адвокатите и извршителите пуштени се 3.500 решенија и на сите им се пресметани камати. Претходно клиентите не добиле известување од стечаен управник дека на долгот се уште се пресметуваат камати. Засегнатите коментираат дека ако знаеле дека ќе има тужби, ќе имале право да поднесат приговор или да плаќаат порано на сметката која ќе им била кажана.

Македонска банка беше ликвидирана со одлука на Народната банка на Македонија во 2007 година. Тогашниот гувернер Петар Гошев одлучи банката да биде затворена со образложение дека мора да се спречи нов Експорт импорт или нов ТАТ.

Штедачите подоцна беа обесштетени, но должниците до сега не знаеја дека на нивните долгови течела камата.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ВО СОСЕДСТВОТО: Ги зголемија пензиите за 20 отсто

ВО СОСЕДСТВОТО: Ги зголемија пензиите за 20 отсто

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ВО ПОЛЕТО НА ГАСНИОТ СЕКТОР ПОМЕЃУ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ВО ПОЛЕТО НА ГАСНИОТ СЕКТОР ПОМЕЃУ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА

ИНТЕРВЈУ БРАНКО АЗЕСКИ: Крајно време е јавниот и приватниот сектор да сфатат дека исполнувањето на финансиските обврски е алфа и омега за современиот бизнис

ИНТЕРВЈУ БРАНКО АЗЕСКИ: Крајно време е јавниот и приватниот сектор да сфатат дека исполнувањето на финансиските обврски е алфа и омега за современиот бизнис

ПОСКАПУВААТ И БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ - по полноќ ќе точиме гориво по повисоки цени за еден денар

ПОСКАПУВААТ И БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ - по полноќ ќе точиме гориво по повисоки цени за еден денар

Николоски: Брзата пруга приоритет за Македонија и Србија

Николоски: Брзата пруга приоритет за Македонија и Србија

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

ТРГОВЦИТЕ НАМАЛУВАЛЕ НА ГРАМАЖА: Еве како им пркосат на владините мерки

ТРГОВЦИТЕ НАМАЛУВАЛЕ НА ГРАМАЖА: Еве како им пркосат на владините мерки

ПРОДОЛЖУВА РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ НА ПРОДУКТИТЕ, ИНФЛАЦИЈАТА НАД 3 ОТСТО: најмногу поскапе храната и пијалоците, па мебелот и покуќнината

ПРОДОЛЖУВА РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ НА ПРОДУКТИТЕ, ИНФЛАЦИЈАТА НАД 3 ОТСТО: најмногу поскапе храната и пијалоците, па мебелот и покуќнината

СЕ ЗБОРУВАЛО И ЗА ЕНЕРГЕТСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ: Еве за што разговараа Мицкоски и Вучевиќ

СЕ ЗБОРУВАЛО И ЗА ЕНЕРГЕТСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ: Еве за што разговараа Мицкоски и Вучевиќ