19 Декември, 2025
0.0561

Увоз на половни автобуси и минибуси до крајот на годинава

Објавено во: Економија 04 Април, 2013 13:43

Добивај вести на Viber

Превозниците ќе увезуваат автобуси и минибуси со еуро стандард 2 до крајот на годината.Со одлуката  по третпат се овозможува увоз на тој тип автобуси и се излегува во пресрет на барањето на Здружението на превозници во патниот сообраќај „Исток“, изјави  денеска министерот за економија Ваљон Сараќини.

Пред раководството на  Здружението „Исток“ Сарачини ја презентира  владината мерка со која очекува возниот парк да го обноват превозниците што не го направиле тоа до истекот на претходниот рок - 28 февруари.

Според Сараќини,  од  воведувањето на мерката за увоз на автобуси и минибуси со еуро стандард 2  во ноември 2011 година, значително е подобрена состојбата на возниот парк на автобуси и минибуси. Процентот на стари автобуси без еуростандард, посочи, е намален од 42 на 18, со еуростандард 0 е намален на 5,5 проценти, а процентот на возила со еуростандард 1 е 6,5. Еуро 2 стандардите ги исполнуваат 53 проценти, еуро 3 стандарите 13 проценти, а со еуро 4 стандард се 3 проценти. Само еден процент исполнуваат еуро 5 стандард.

- Македонија до пред две години имаше убедливо најлош возен парк,  а сега се вбројува во земјите  со најмодерен и најбезбеден. Ефекти  од оваа мерка имаат скоро сите, и превозниците,  и патниците кои ќе се возат со поквалитетни и побезбедни возила, изјави Сараќини.

Горан Трпковски, претседател на Здружението „Исток“, оцени дека  главни придобивки за превозниците се набавката на поквалитетни возила, со еко 2 стандарди, климатизирани и поудобни за превоз на граѓаните и зголемување на бројот на патници.

Од стапувањето во сила на мерките за увоз, како што рече, според кажувањата на превозниците има намалување на амортизацијата и на  резервните делови за  поправка  за 30 проценти.

Покрај со набавката на поквалитетни автобуси, Трпковски очекува зголемување на бројот на патници и со примената на законската одредба за одземање на возилата на нелегалните превозници од срана на инспекторатот.

- Се надеваме дека ќе се елиминираат дивите превозници и ќе се зголеми бројот на патници на нашите релации, изјави Трпковски.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?