УЖАС ВО СТРУМИЦА: Малолетничка силувана од двајца малолетници, 21 годишна струмичанка им помагала
Објавено во: Македонија 01 Април, 2023
Три лица, од кои двајца малолетници, со помош на 21 годишна девојка се обвинети за силување на малолетничка од Струмица.
Како што објави СВР Струмица, во текот на вчерашниот ден, младата струмичанка која е полнолетна е уапсена бидејќи со употреба на сила им овозможила на малолетниците да ја силуваат малолетничката.
- На 31.03.2023 полициски службеници од СВР Струмица ја лишиле од слобода С.П.(21) од струмичко.
Таа се сомничи дека на забава во јануари 2023, со употреба на сила врз малолетничка овозможила да биде извршена обљуба од страна на двајца малолетници од струмичко.