05 Декември, 2025
0.0451

УЖАСНО ЗЛОСТОРСТВО: Монструмот од Бихаќ кој си ги закла децата на Фејсбук го пишува ова

Објавено во: Општо 14 Декември, 2018 13:39

Добивај вести на Viber

Во Бихачката населба Мали Луг се пронајдени телата на три малолетни деца и нивниот татко, кој ги убил дечињаата, а потоа извршил самоубисто.

Монструозниот чин го извршил Адмир Совиќ (37) кој наводно сопругата Лејла пред дваесеттина дена го оставила.

Според неофицијални информации, тој преку други луѓе ја молел да се врати, но таа не сакала и тоа довело до оваа стравична трагедија.

Наводно пријателот и најавил што ќе направи, а и на сопругата и рекол дека ќе ги убие и децата а и себе си ако го остави.

Полицаецот кој прв влегол во станот затекнал морбидна глетка. Најмалото дете имало само две години, ќерката пет, а најстариот син одел во трето одделение.

Како што пренесуваат медиумите од регионот монструмот се правел бегзрижен татко.

Најмалото дете во октомври наполнило две години а за роденденот тогаш монструмот од татко напишал:

-Драги сине, денес е твој ден, среќен ти роденден, да ми бидеш жив, здрав и весело, таков каков што си да те чува Алах ...“

За седум дена средното девојче пак, требало да наполни шест години.

Меѓу овие желби, убиецот пишува како му е жал што некои луѓе без причина заминале од неговиот живот, но сега му е жал што не заминале порано. Овој статус е објавен во доцните ноќни часови на Фејсбук.

Веројатно, тоа била неговата порака до сопругата која е можно таа ноќ да ги спакувала куферите и да заминала, бидејќи само три дена подоцна објавил дека бара жена за чување деца. Додал и дека плаќа по договор.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: