20 Декември, 2025
0.1587

УЖАСИТЕ НА ПЕКОЛНИОТ ТРАЕКТ: „Слепи“ патници живи изгореле под палубата на бродот

Објавено во: Свет 30 Декември, 2014 11:39

Добивај вести на Viber

Вкупниот број на жртви во пожарот кој изби на траектот кој пловеше на југот во Јадранот се уште е неизвесен, бидејќи постојат различни тврдења за бројот на патници кои патувале на кобната рута. Со оглед на тоа дека до сега потврдено е дека десет лица го изгубиле животот, а 427 се спасени, недостасуваат уште 41 патник. Постои сомнеж дека вкупниот прој загинати лица би можел да се искачи на 40 до 60. Меѓу патниците кои се симнале во Бари  во секој момент струјат информации дека на бродот патувале повеќе „слепи“ патници, илегални мигранти, кои од страна на возачите на камиони биле прокриумчарени на бродот. evakuacija За точниот број на патници ќе се знае кога во Бари ќе пристигне „Сан Џорџо“, голем десантен брод на италијанската Воена морнарица кој служи и како хеликоптерска база и како подвижна поморска болница, а кој се задржа во албанските води во потрага по исчезнати, која беше продолжена и рано утринава. На бродот се наоѓаат и половина од до сега спасените патници од бродот „Норман Атлантик“. Но тука не е крајот на ужасите. Поголем број бегалци од Авганистан, кои од гаражите успеале да стигнат до палубата скокнале во морските води, по што биле спасени од страна на рибарски бродчиња кои дошле да помогнат. Се тврди дека одреден број на бегалци останале во гаражниот простор на бродот, и дека најверојатно изгореле во пожарот. evakuacija1 Се повеќе се јавуваат теории дека токму тие обидувајќи се за се загреат запалиле оган кој подозна се проширил и прерасна во голема катастрофа, откако од пламените јазици било зафатено маслиново масло кое били натоварено во дел од камионите. Постојат и тврдења дека бројот на возила во гаражниот простор примил дваесет и две возила повеќе од максимално дозволениот број.  

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја