25 Април, 2024
0.1899

Уживајте во летото со нашето музичко училиште: Интервју со професорките Виолета и Марина, сопственички на „Пијанофорте“

Објавено во: Стил 15 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

„Пијанофорте“ е музичко училиште кое постои веќе 19 години. Првата деценија беше исклучиво училиште за пијано, за подоцна наставата да се прошири на речиси сите инструменти. Нивниот виолински оркестар во кој свират дечиња е раритет во државата, а од минатата година е отворен и поп-оддел каде се изучуваи естрадно пеење. Во „Пијанофорте“ работат еминентни професори, дипломирани музичари, магистри и доктори на науки. Првпат годинава, нивната настава ќе продолжи да функционира и во летниот период. За овие активности, но и генерално за музичкото образование во нашата земја, разговаравме со сопственичките на училиштето – Виолета Стефановска-Шуковиќ, академски директор и професорка по пијано и Марина Чадо, професорка по виолина и извршен директор.

* Крајот на учебната година, за учениците истовремено е и олеснување и предизвик. Долгиот распуст може штетно да влијае врз децата, ако во меѓувреме немаат некоја цел, ако не се чувствуваат продуктивно. Затоа Вие одлучивте во рамките на Вашето училиште првпат да профункционира и Летна школа. Какви Ви се очекувањата?

Марина: Има неколку причини зошто се одлучивме на овој потег. Сите знаеме дека распустот е прилично долг и децата, генерално, го губат континуитетот во образованието. Многу родители во текот на целата учебна година прашуваат како и што би можеле да понудиме, за дечињата барем еден дел од летниот распуст да го поминат времето квалитетно. Да добијат нешто што ќе придонесе во нивниот развој. Ние констатираме дека во денешно време децата се прилично зависни од дигиталнитетехнологии. Без разлика дали се основци или средношколци, кога немаат други обврски, тие претежно денот го поминуваат пред таблет, телефон или телевизор. Мислам дека не сме свесни колку младината е променета, колку децата се променети од пред некои 25-30 години кога впрочем јас и Вики почнавме со педагогија.Не сме свесни колку се децата променети во однос на обврските, во однос на дисциплината, во однос на фокусираноста и мотивираноста. Тоа всушност е и најстрашно - децата не се мотивирани.Достапно им е сѐ, лесно доаѓаат до тоа што се бара од нив и не се веќе навикнати да соработуваат и да прават нешто со личен ангажман, поточно не знаатсамите себе да се мотивираат. Музиката го поттикнува тоа кај децата и сметаме дека особено летните школи се добра прилика децата да бидат ставени во некаква активност која нивниот живот не го оптеретува толку многу, но истовремено им дава некаков континуитет.

Целото интервју читајте го на Женски магаизн, тука.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган